Новости

Концерт на Гудачкиот квартет на СОКОМ во Словенија

Изминатиот викенд (9 март 2024), во организација на СОКОМ во Словен Градец, Република Словенија, се одржа концерт на Гудачкиот квартет на СОКОМ со дела од современото македонско музичко творештво. Гудачкиот квартет во состав Ева Богоевска – виолина, Ивана Здравкова – виолина, Леона Кондратенко – виола и Маја Михајловска – виолончело изведе композиции од македонските автори Ристо Аврамовски, Драган Шуплевски, Гоце Коларовски и Гоце Гавриловски. Со овој проект беше отворена годинашната концертна сезона на СОКОМ, после што ќе следуваат уште низа уметнички проекти, меѓу кои централно место ќе му припадне на 47-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“ кое ќе се одржи во периодот март/април.

СОКОМ изразува благодарност до пијанистката Маја Кастратовиќ за традиционалната успешна соработка, што овозможува континуирано презентирање на македонското уметничко творештво во Словенија. Концертот беше финансиски поддржан од Министерство за култура.

СОКОМ