Членови, Композитори

НИКОЛА КОЏАБАШИЈА

(Скопје, 06.06.1970)
Композитор, пијанист, дизајнер на звук, продуцент и диригент

Потекнува од музичко семејство. Музичкото образование го започнува во МБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје (пијано кај проф. Р. Трпчева и С. Анастасова Чадиковска), а го продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје каде што дипломира во 1994 година, пијано (класа Ј. Чакар) и композиција (класа Т. Зографски). За време на студиите од 1991 до 1996 го посетува Бартоковиот летен Семинар во Сомбатхеј, Унгарија. Остварува вонредни часови по композиција кај Ѓерѓ Куртаг, Марко Стропа, и лично се запознава со Ѓерѓ Лигети и Џон Кејџ, а вонредни часови по пијано посетува кај Борис Романов и Кочиш Золтан. Истовремено посетува и часови по џез – аранжирање и модална хармонија кај И. Пејовски. Паралелно со ова, уште како студент работи како музички новинар и продуцент во Македонската радио-телевизија. Како стипендист на Романското министерство за образование од 1996 до 1998 г. е на постдипломски студии по композиција на Музичката академија „Џорџ Енеску“ во Букурешт, Романија, во класата на Анатол Виеру (Anatol Vieru), своевремено студент на Хачатуриан и Шостакович. Непосредно потоа од 1998 до 2001 г. е на магистерски студии по композиција на „Кралскиот колеџ“ од Лондон (Kings College London) Велика Британија во класaта на прочуениот авангардист Сер Харисон Брдвисл (Sir Harrison Birtwistle). Истовремено предава композиција на истиот колеџ, а во сезоната 2001-02 е и композитор/раководител и диригент (Musical Director) во „Националниот театар Лондон“ (National Theatre London).

Првите композиторски обиди на Никола Коџабашија датираат од почетокот на деведесеттите години. Главно со неокласичен и модален призвук (повеќе композиции за пијано, камерни и оркестарски ансамбли), но тогаш започнува и неговиот интерес за применета електро-акустична музика за театар, телевизија и филм. Подоцна манифестира и евидентен отклон од академизмот со отворен и силен интерес кон полистилистичка и модална композиција што го реализира главно и со оформувањето на експерименталниот проект-состав „Алшар”. Престојот во Лондон и соработката со режисерски имиња како што се Сер Питер Хол (Sir Peter Hall), или композиторите како Сер Харисон Брдвисл, го наведуваат во почетокот на дваесет и првиот век мошне интензивно да работи во сферите на таканаречената „применета музика“. Од оваа соработка произлегуваат музичко-сценскиот спектакл „Баханалии” според Еврипид со кој го отвораат меѓународниот фестивал на старогрчка драма „Епидаурус во 2001”, како и музиката за Аристофановата фарса „Птици” во режија Кетрин Хантер (Kathryn Hunter) со членови од трупата „Сирк ду Солеи” (Cirque du Soleil), за што е номиниран за престижната британска награда од областа на културата и уметноста – „Arts Foundation Award“. Продолжувањето во овие творечки води придонесува подоцна да стане автор на музиката и дизајнот на звук за светскиот театарски хит „Мајмунот на Кафка“ на Валтер Мејерјохан и во продукција на лондонскиот театар „Јанг Вик“ (Young Vic). Како сценски композитор гостува на сцените на театарот „Буфе ду Норд“ на Питер Брук (Peter Brook) во Франција, Националните театри во Италија, Данска, Јапонија, Тајван, Турција, Грција, како и во Центарот „Баришњиков“ во Њујок, САД. Во еден период интензивно соработува со британскиот режисерски маг Доминик Хил (Dominic Hill) остварувајќи ги музичко сценските спектакли „Тројцата мускетари и принцезата од Шпанија“ и „Злосторство и казна”. Во продукција и нарачка на холивудскиот актер Кевин Спејси (Kevin Spacey) и „Dialogue productions“ за Лондонскиот театар „Олд Вик“ (Old Vic) ја компонира звучната инсталација за трагичниот еп „Изгорени“ од либанско-канадскиот драматург Важди Муавад (Wajdi Mouawad). Во лондонските „Сохо“ и „Буш“ театари ги работи звукот и музиката за „Хелтер скелтер / Земјата на мртвите” и „Господин Ибраим и цвеќињата на Куранот“ од Нил а Бјут. Во Донмар (Donmar) Театарот, Ковент Гарден ја прави музиката за „Оливие” наградената (Lаurence Olivier Award) претстава ХЕКУБА во режија на Џонатан Кент (Jonathan Kent). Автор е и на првиот современ македонски мјузкл Пенелое Икс (2013) по либрето на В. Андоновски, визуелизација на М. Масин, дизајн на Л. Карваљо и во режија на данската режисерка Миа Теил Хав. За телевизија и филм: ги компонирал партитурите за наградениот филм на Саша Дамјановски „Defining Fay “ 2012 и „Танцувај со мене“ 2006, „Зелени страници“ 2004, потоа наградениот „Бабички на Револуцијата” 2005 од Петра Селишкар и Бранд Ферро. „Драга Ана“ 2011 на Валтер Мејерјохан со Кетрин Хантер, како и музика за познатата ТВ- документарната серија на BBC4 „Историјата на расизмот“ 2010, потоа документарецот „Светци“, и за BBC/ARENA во режија на БАФТА наградениот документарист Пол Тикел (Paul Tickell). Диригент и уредник е на филмските партитура на Кирил Џајковски за „Големата вода“ 2005 во режија на Иво Трајков, „Прашина“ 2001- режија Милчо Манчевски итн.

Никола Коџабашија е и автор на четири албуми со меѓународни критички признанија, кои редовно добиваат високи оценки во Guardian, BBC Radio 3, Independent, FT, JazzZeitung, Lira, Giornale della Musica, All About Jazz („…веројатно најдоброто остварување на годината…“… „Магично!“ …„совршен хибрид“… „маестрално“… „Коџабашија без напор се движи од композитор-диригент, преку лежерен олеснувач, до волшебник со огромна моќ за следење на клавишите/тастатурата“….„резултатот, сликање со секој музички јазик од модернизмот до сенлив фолк, е маестрален“… „една од најавантуристичките и најкохерентните фигури на авант-рок стилот“).

Никола Коџабашија е композитор полистилист, чиј жанровско стилски спектар на интерес и дејствување е доследно непредвидлив во изминатите дваесетина години. Неговата музика е и намерен еклектичен спој на историско-географски музички стилови, жанрови и други немузички медиуми најчесто литературните и сценските, но сè во контекст на една обединета семантички развиена нарација.

ТВОРЕШТВО

ПЕНЕЛОПЕ ИКС Dec 2013 PENELOPE X the musical at Macedonian National Opera and Ballet. With Libretto by Venko Andonovski, visuals by Miroslav Masin, directed by Mia Theil Have. 2009 – 2013 Музички Театар, Музичко сценска – Партитура за проширен камерен оркестар џез/рок инструментална група и пејачи (сонгови и инструментални парчиња) ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА Sept 2013 Live Music score/sounddesign/md for Dominic Hill’s production of CRIME AND PUNISHMENT (Citizens Theatre Glasgow/Royal Lyceum Theatre Edinburg/ Everyman Theatre Playhouse Liverpool) 2013 Театар, Музичко сценска – Отворена партитура за две препарирани пијана, удиралки, дрвени дувачи, разни жичани, контрабас, балалајка, пејачка група и електроакустика ДЕФИНИРАЈЌИ ГО ФЕЈ Oct 2012 Score for Sasha C. Damjanovski’s film DEFINING FAY for Orev Film ltd London. 2012 Филмска музика – Партитура за пијано, глокеншпил гудачи врз тема на Лудвиг Ван Бетовен ИНСОМНИЈА Sep 2012 Music and prepared piano performing Live for INSOMNIA dir. Tage Larsen (Odin Teatret) Silkeborg Performers House, Denmark, then Teatro Fabricino Prato, Italy. 2012 Музичко сценска танц суита за препарирано пијанино Наслов на делото Година на создавање Вид ОТПОРНИОТ УСПОН на АРТУРО УИ Oct 2011 Music/sound-design for Walter Meierjohann’s critically acclaimed THE RESISTABLE RISE OF ARTURO UI by Bertold Brecht (Everyman Theatre Playhouse Liverpool) 2011 Театар, Музичко сценска – Дигитална партитура за Оркестар и Биг бенд и електроника (дизајн на звук) ДИКОН БРОДИ / недовршена, неизведена 2012/13 Commissioned score for DEACON BRODIE THE MUSICAL for Scottish National Theatre libretto by Chris Hannan. 2011-12 Музички Тетар, Музичко сценска – партитура за оркестар, хор, инструментална група и вокални солисти. ДРАГА АНА June 2011 Music/Sound Design for the short film DEAR ANNA feat. Katherine Hunter. 2011 Филмска музика – Мешовита партитура и звучен дизајн ПЕНЕЛОПЕ ИКС April 2011 CD RELEASE: PENELOPE X (7 songs and Postludium from the musical) feat. Foltin and Goce Stevkovski (FILTER/LITHIUM) 2009 – 2011 Копакт Диск Издание – За вокали, мешан џез/ Рок состав со оркестар и електроника БРЕГ March 2011 Music for Wajdi Mowauad’s LITORAL aka SHORE, dir. Anne Khazam 2011 Театар, Музичко сценска – Дигитална партитура за камерен ансамбл и електроника (дизајн на звук) МАСИСДОНИЈА Jan 2011 music/sound design/ supporting actor for Toby Swift’s BBC Radio 3 play MASSISDONIA Feat. The BBC Singers. 2011 Радио Драма, Театар, Музичко сценска – партитура за камерен хор пијано и перкусии ТРОЈЦАТА МУСКЕТАРИ И ПРИНЦЕЗАТА ОД ШПАНИЈА Oct 2010 Critics’ Award for Theatre in Scotland (CATS) 2011 nomination for best Music/Sound Design for the production of THE THREE MUSCETEERS and THE PRINCESS OF SPAIN for ETT/ Belgrade/The Travers. 2010 Театар, Музичко сценска – Отворена партитура за џез/ панк/рок инструментална група и пејачи (сонгови, инструментални парчиња и акустичен дизајн на звукот) МАЈМУНОТ НА КАФКА Sept 2010 Music/sound-design for Walter Meierjohann’s critically aclaimed KAFKA’S MONKEY feat. Katherine Hunter (Young Vic 2009, Bouffes du Nord, Paris 2010, and between 2011-12 Korea, Japan, Australia, Turkey, New York, etc) 2010 Театар, Музичко сценска – дигитална партитура за разни ансамбли и дизајн на звукот 190 47 Македонски композитори 191 Наслов на делото Година на создавање Вид ИЗГОРЕНИ Aug 2010 Sound Installation/Music/ sound-design for Patricia Benacke’s production of SCORCHED for Old Vic/ Dialogue Productions. 2010 Театар, Музичко сценска – партитура за група актери/ пејачи, електро-акустична просторна инсталација и дизајн на звукот ЕКСПЛОЗИЈА НА СЕЌАВАЊА (литературно платно за оркестар во 4 става) April 2010 CD RELESE: EXPLOSION OF A MEMORY (a literary canvas for orchestra), an homage to Heiner Müller, James Joyce and Valere Novarina. Performed by The Macedonian Philharmonic, feat. Special guests Chris Cutler, Kiril Dzajkovski, Conducetd by Borjan Canev. ReR Megacorp records 2009 –2010 Компакт Диск издание – партитура за голем симфонијски оркестар. Препарирани инструменти и електроника ТАНЦУВАЈ СО МЕНЕ Sept/Nov 2008 Score/Sound Designer for Sasha C. Damjanovski’s film DANCE WITH ME for Orev Film ltd/Mean Machine ltd London, 2008 Филмска музика – Мешовита партитура и звучен дизајн СВАДБЕНИОТ ДЕН НА КРО МАЊОНОВИ Apr 2008, Music/sound-design for WEDDING DAY OF THE CRO MAGNONS for Soho Theatre/Dialogue Productions, 2008 Театар, Музичко сценска – електро-акустична и дизајн на звукот НАЈМНОГУ ОД СЕГАШНОСТА “The Most of Now” CD suite variations, ReR Megacorp records 2008. 2008 Копакт Диск Издание – Суита, Полистилистички варијации за пијано, разни камерни, оркестарски состави, вокали и електроника ХЕЛТЕР СКЕЛТЕР/ ЗЕМЈА НА МРТВИТЕ Jan 2008 Music/Sound design for Neil La Bute’s HELTER SKELTER/LAND OF THE DEAD for Bush Theatre/Dialogue Productions. 2008 Театар, Музичко сценска – електро-акустична и дизајн на звукот ИСТОРИЈА НА РАСИЗМОТ Jan/Mar 2007, Music/sound-design for BBC4 TV documentary series RACISM, A HISTORY. 2007 Филмска музика – Мешовита партитура и звучен дизајн СВЕТЦИ Apr 2006, Music for Paul Tickell’s BBC/ ARENA documentary SAINTS. 2006 ТВ музика – Мешовита партитура и звучен дизајн Наслов на делото Година на создавање Вид ГОСПОДИНОТ ИБРАИМ И ЦВЕЌИЊАТА НА КУРАНОТ Jan 2006, Music for MONSIEUR IBRAHIM AND THE FLOWERS OF THE QU’RAN for Bush Theatre/Dialogue Productions. 2006 Театар, Музичко сценска – електро-акустична и дизајн на звукот БАБИЧКИ НА РЕВОЛУЦИЈАТА 2006/2007, Music for the award winning documentary THE GRANDMOTHERS OF REVOLUTION for Petra Pan Film Production. (Zagreb Dox Grand Prix 2007) 2006 – 2007 Филмска музика – Мешовита партитура и звучен дизајн СЕКУЛАРНА ГОТИКА Oct 2004, SECULAR GOTHICA Composer in residence / Orchestral Commission for LA BIENNALE di VENEZIA. 2004 Партитура за Симфонијски оркестар “a tre” ХЕКУБА Aug 2004, Music for Jonathon Kent’s OLIVIER award winning production of HECUBA at DONMAR Warehouse, London. 2004 Театар, Музичко сценска – електро-акустична и дизајн на звукот МЕЧТИТЕ НА ОСАМЕНИОТ ПАТНИК “Reveries of the Solitary Walker” CD suite for mixed chamber ensemble and electronics. ReR Megacorp records 2004. 2003 –2004 Копакт Диск Издание – Суита, за пијано, разни камерни, оркестарски состави, вокали и електроника ПТИЦИ 2002 Composer/Musical Director for Katherine Hunter’s production of THE BIRDS at the NATIONAL THEATRE London. 2002 Театар, Музичко сценска – партитура за инструментална група, пејачи, електро-акустична просторна инсталација и дизајн на звукот БАХАНАЛИИ 2002 Musical Director of Sir Peter Hall’s and Sir Harrison Birtwistle’s production THE BACCHAE at the NT London, Newcastle Theatre Royal and Epidaurus festival, Greece. 2002 Театар, Музичко сценска – партитура за камерна инструментална група, хор и електроника. Зедничка партитура со Сер Харисон Брдвисл БОГОРОДИЧЕН ТРОПАР – оркестрација (SINGLE WILL) 2002 Кратка партитура за хор и оркестар базирана на Богородичниот тропар од книгата на Јоан Хармосин Охридски НУРОМАНСЕР (NEUROMANCER) 2001 Партитура за Симфониски оркестар “a tre” 192 Наслов на делото Година на создавање Вид ДЕТСКА ПЕСНА ЗА ХАРИ Б (KINDERLIED for Harry B) 2001 Камерна минијатура за пијано кларинет и виброфон КРЕВЕТОТ НА ГАУДИ (la Cana de Gaudi) 2001 Партитура за 7 инструменти LUDUS GOTHICUS (Готска Игра) 2001 За виолина и пијано МЕТАФОР (META4) 2000/2002 Циклус Електронска Интерактивна музика во живо во соработка со Ролф Гелхар (Rolf Gehlhaar) ПРЕТПОСТАВКИ (ASSUMPTIONS) 2000 За пијано соло Крафтверк Скерцо и Блуз (Kraftwerk Scherzo and Blues) 1998 Партитура за Симфониски оркестар “a tre” Химна за Анатол Виеру (Hymn to Anatol Vieru) 1998 Партитура за Симфониски оркестар “a tre” Синфонија (Sinfonia) 1997 Партитура за Симфониски оркестар “a tre” ХАMЛЕТМАШИНА и ДРУГИ ПЕСНИ БЕЗ ЗБОРОВИ (1997 “Die Hamletmaschine and other songs without words” upon the play by Heiner Muller 1997 Копакт Диск Издание – Суита, електроакустика КАНОН СО СИН КРАЈ (CANON WITH A BLUE END) За гудачки оркестар СОНАТА 992 (SONATA 992) 1992 За пијано соло КАТАРЗИС ВАРИЈАЦИИ (KATHARSIS VARIATIONS) 1991 За пијано соло СУИТА ИНТЕРМЕЦА (SUITA INTERMEZZA) 1990 За пијано соло Повеќе композиции за АЛШАР ансамбл 1996/2001 За проширен џез/рок состав

СОКОМ