Новости

48. Струшка музичка есен

Во периодот од 20-ти до 22-ри септември, во организација на СОКОМ, во Струга се одржа 48-мото издание на музичко-научната манифестација „Струшка музичка есен“. Тематскиот фокус на манифестацијата беше на историските аспекти во развојот на македонската музичка култура, при што беа презентирани реферати и истражувања од македонски музиколози, етномузиколози и музички уметници.

Во рамките на манифестацијата, свој концерт со дела на македонски композитори одржа и гудачкиот квартет „Атака“ во состав: Ева Богоевска (виолина), Марија Трајковска (виолина), Илза Бафтијари (виола) и Маја Михајловска (виолончело).

СОКОМ