Новости

ДММ2025: Концерт на дувачкиот квинтет PHIL-HARMONIC5

Елена Дојчинова – флејта
Владимир Лазаревски – обоа
Здравко Ангелов – кларинет
Горан Јанев – хорна
Филип Каревски – фагот

Вторник, 18 март 2025, 20 часот
Музеј на македонската борба, 20 часот

 
ПРОГРАМА
Благој Цанев: „Фолклорни канони“, Томе Манчев: „Три скици“ за дувачки квинтет, Ристо Аврамовски: „Љубов зад олтарот“, Живојин Глишиќ: „Танго во есен“, „Што да правам, што да чинам“, „Приказна за бродот“, „Денес“, „Dawn“

АНСАМБЛ

Дувачкиот квинтет Phil-Harmonic5 е камерна формација составена од водечки дувачки инструменталисти на Филхармонија и Националната опера и балет. Заедничкото музицирање низ годините создало висока уметничка кохезија и интерпретативна усогласеност, која ја рефлектира ансамбловската креативност на Phil-Harmonic5.

Ансамблот поставува највисоки стандарди во интерпретацијата на камерната музика. Посветеноста на ансамблот во промовирањето на современото македонско творештво е особено изразена во директната соработка со домашни композитори, отворајќи простор за создавање нови дела и збогатување на репертоарот за дувачки состави.  


Со настапите во земјата и надвор од нејзините граници, Phil-Harmonic5 ја потврдува својата позиција како значаен ансамбл на камерната сцена и како афирматор на Македонија на меѓународниот концертен подиум. Членовите на ансамблот активно настапуваат не само како дел од квинтетот, туку и како солисти, камерни и оркестарски изведувачи, носејќи високо уметничко ниво на секој настап.

Влезот на концертот е слободен. 

СОКОМ