Новости

Фестивалот „Денови на македонска музика“ се одложува за наесен

Почитувани пријатели,

Со длабоко сочувство и почит кон жртвите на трагичниот настан во Кочани и нивните семејства, ве известуваме дека 48-мото издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, првично планирано од 17 март до 24 април 2025 година, се одложува за месец септември оваа година.

Од планираната програма, единствено концертот на Македонската филхармонија останува на оригиналниот датум(3 април 2025 година), поради неговото значење во одбележувањето на значајни авторски јубилеи, како и поради неможноста да се обезбеди друг соодветен термин.

Одлуката за одложување на фестивалот е донесена во знак на солидарност и почит кон жртвите и нивните семејства, како и поради организациски предизвици: ограничената достапност на салите, тешкотиите при усогласување на ангажманите на странските солисти и професионалните обврски на членовите на ансамблите.

Ви благодариме за вашето разбирање, солидарност и континуираната поддршка.

Со почит,
Сојуз на композиторите на Македонија – СОКОМ

СОКОМ