Новости

СООШТЕНИЕ – откажани концертите во програмата на фестивалот „Денови на македонска музика“

Ве известуваме дека поради трагичниот пожар што се случи синоќа во Кочани – една од најголемите трагедии што ја погодија нашата земја последниве години – ги откажуваме предвидените концерти во програмата на „Деновите на македонска музика“.

Повеќе од 50 животи беа трагично загубени, а над 140 луѓе се повредени. Сојузот на композиторите на Македонија упатува искрено сочувство до семејствата на жртвите и им посакува брзо закрепнување на сите повредени.

Во наредните денови ќе објавиме официјално соопштение со дополнителни информации во врска со програмата на фестивалот.

Нашите мисли и молитви се со сите погодени од оваа страшна трагедија. 

СОКОМ