Новости

Концертот на Филхармонија на 3 април е одложен за наесен

Почитувани пријатели,

Ве известуваме дека и концертот на Филхармонија на ДММ, закажан за 3 април, се одложува за есенскиот период, поради актуелните случувања во институцијата поврзани со промената на раководството.
Ова значи дека програмата на фестивалот „Денови на македонска музика“ во целост се одложува и ќе се реализира во периодот септември – октомври 2025 година. Во координација со двете национални институции, ансамблите и солистите, во наредниот период ќе ги објавиме новите термини за одржување на концертите.

Искрено се извинуваме за настанатата ситуација и можните непријатности. Ви благодариме за разбирањето и постојаната поддршка.

СОКОМ