(Гевгелија, 22.04.1928 – Скопје, 09.12.2007)
композитор и музиколог
Контактот со музиката го имал уште многу рано, а на шест годишна возраст започнува да учи виолина. Паралелно учи гимназија и посетува музичко училиште, а по краткото учителствување (1944) во село Караѓорѓевац (тогаш Крумово), заминува во Скопје, и веднаш потоа на студии во Загреб. Потоа се префла на Музичката академија во Белград на која дипломира на Историско-фолклорниот оддел, а една година студира и композиција во класата на проф. Марко Тајчевиќ. По враќањето во Скопје се вработува како професор во Средното музичко училиште. Истовремено е и постојан критичар на Радио Скопје (1956-1963 година). Во 1961/62 година престојува во Париз каде што слуша предавања на Музиколошкиот институт и работи композиција на париската „Scola Cantorum“, кај професорот Пјер Висмер. Во 1963 година е назначен за директор на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, а потоа три години (1964-1967) е директор на Операта и Балетот при МНТ.
Од основањето на Факултетот за музичка уметност (1966, тогаш Високата музичка школа) до пензионирањето (1988) тој е професор (од 1973 – 1975 и декан) на оваа високошколска установа. Во 1977 година е иницијатор и основач на Музиколошкиот оддел на ФМУ, каде што останува шеф на катедрата до пензионирањето. Од неговата класа излегоа голем број дипломирани музиколози кои денес се носители на музикологијата во Македонија (М. Коловски, Б. Ортаков, С. Лешкова, Т. Грковска и др.).
Творечкиот опус на Ортаков може да се подели на два дела: композиторски и музиколошки. Како композитор, првите пројави ги има уште во средношколските години, потоа продолжува со неколку композиции создадени во почетокот на педесеттите години (делумно во време на неговите студии), но поинтензивното занимавање со музичкото (Гевгелија, 22.04.1928 – Скопје, 09.12.2007) композитор и музиколог ДРАГОСЛАВ ОРТАКОВ 60 47 Македонски композитори 61 творештво започнува по престојот во Париз, каде што почнува да го пишува својот прв гудачки квартет (завршен во Скопје) со кој ги навестува современите струења што во тоа време навлегуваат во нашето музичко творештво. „Мојата генерација беше соочена со еден од најсилните судири меѓу одживеаните облици на „традиционализмот“ и новите струења во музичкото творештво. Она што доаѓаше им наметнуваше на луѓето тотален пресврт во начинот на музичкото мислење. Како во некој вител настанаа престројувања меѓу музичките автори, што нè зафатија и нас младите, сè уште заложници на тврдините на традиционализмот какви што беа некои музички академии.“ (Радио Скопје, 11.2.1977). Подоцна создава педесетина, главно камерни композиции во кои присуството на тогаш авангардните творечки постапки станува препознатлив знак. Поголем број од нив се поврзани со работата на Ансамблот за современа музика „Света Софија“ раководен од Тома Прошев, и се изведени на меѓународни фестивали (особено на Трибината на музичкото творештво на поранешна Југославија што се одржуваше во Опатија – Хрватска). Во оваа група композиции посебно се издвојуваат циклусот „Ептамерон“ (алфа, бета, гама, делта) и Музиката за пијано и инструментален ансамбл. Интересот за композиција Ортаков го интензивира во последната декада од својот живот кога создава повеќе дела што се изведувани на „Деновите на македонската музика“.
Како музиколог Ортаков оствари фасцинантен опус, кој освен со обемот, признанијата ги заслужи и според истражувачкиот досег и важноста на откритијата што станаа база за работата и истражувањата на сите идни македонски музиколози. Започната со серијата критики на програмата на Радио Скопје, кои се уникатни сведоштва за тогашниот музички живот и неговите протагонисти, неговата музиколошка активност продолжи со низа статии пишувани од педесеттите години на минатиот век, па сè до првата деценија на овој век, како и со неколку книги кои станаа темел на македонската музикологија. Во книгата „Музичката уметност во Македонија“ Ортаков на извесен начин го дополнува недостигот на интегрална историја на македонската музика, правејќи пресек на музичките настани и личности што дејствувале на овие простори од најстари времиња до втората половина на дваесеттиот век. Во следната негова книга, – „ Arsnova macedonica“ тој својот фокус го свртува кон духовната и световната музика во Македонија во времето на Преродбата, осветлувајќи ги основните естетички постулати на уметничкото творештво во овој период, со посебен акцент врз музиката. Во сиот спектар на музиколошкиот интерес на Ортаков, во кој место наоѓаат многу теми и многу личности од постарата и поновата историја на македонската музика, посебно треба да се издвојат неговите истражувања на постарите слоеви на македонската музика. Благодарение на тој негов интерес и истражувачки импулс, нам ни станаа појасни многу процеси што се одвивале во минатото, ни станаа подостапни личностите што ја креирале главно духовната музика, а со дешифрациите на нивните дела – имавме можност да го почувствуваме и духот на времето што одамна поминало. Четиринаесет негови статии подоцна беа печатени во книгата „Огледи за византиско-словенската музика во Македонија“ низ кои се разјаснети низа теориски прашања од областа на духовното творештво, како и откриени повеќе творци што создавале во тоа време. Во книгата се претставени од авторот дешифрирани и реконструирани црковни напеви од Димитар Злананов – Градоборски, Димитар Павлов-Штипјанин, Христо Поп-Стојанов, Кирил Пејчиновиќ, како и фрагменти од духовното творештво на Атанас Бадев и Ѓорѓи Стојчевиќ од Кратово. За овој труд композиторот и музиколог д-р Јане Коџабашија, меѓу другото, вели: „Во својата … книга … Драгослав Ортаков всушност прави пресек на својата музиколошко-истражувачка работа во изминатите 25-30 години… Денеска, речиси, не остана ниедно прашање од оваа важна област на македонската култура кое Ортаков не го третирал со сета професионална сериозност и претпазливост… „Старото“ и новото во оваа книга создаваат целина од којашто произлегува истражувачкото кредо на овој авторитативен музички истражувач и писател”. За својата вкупна дејност Драгослав Ортаков е добитник на низа општествени и стручни награди и признанија
ТВОРЕШТВО
ОРКЕСТАРСКО: Реминисценција, – за гудачки оркестар, (2004); Циклус „Ѕидари“, – за бас и камерен оркестар, (1982); Поема, – за гудачки оркестар, (2000); Симфониска песна „Караорман“, – за симфониски оркестар, (1972);
КАМЕРНО: Трио, – за две виолини и виола, (1949); Романтична соната, – за кларинет и пијано, (1951); Гудачки квартет, (1962); Дијалози, – за камерен ансамбл, (1968); Квинтана, – за камерен инструментален ансамбл, (1969); Ептамерон, – за седум инструменти, (1970); Ептамерон бета, за камерен оркестар, (1972); Ептамерон гама, – за камерен оркестар, (1974); Музика, – за пијано и ансамбл, (1975); Ептамерон делта, – за камерен оркестар, (1976); Ептамерон алфа, – за камерен оркестар, (1978); Три импресии, – за виолина и пијано, (1980); Гудачко трио бр. 2 „Охридско“, – за виолина, виола и виолончело, (1991); Четири епизоди, – за дувачки квинтет, (1992); Дувачки квинтет, (1992); Циклус „Ѕидари“, – за длабок глас, кларинет, пијано и виолончело,(1998); „Квинтана 2“, – за виола и пијано, (2000); Гудачко трио бр.
3, – за виолина, виола, виолончело, (2001); Триангл, – за кларинет,
виола и пијано, (2003); Портрет, – за сопран и пијано, (2003-04);
ВОКАЛНО -ИНСТРУМЕНТАЛНО: Слово за Кирил и Методиј, – (1969);
СОЛИСТИЧКО: Детска свита, – за пијано, (1954); Суита, – за пијано, (1960); Соната, за пијано, (1990);
СОЛО ПЕСНИ: Каријатида, – за висок глас и пијано, (1960); Портрет, – за висок глас и пијано, (1969);
ХОРСКО: Светулка , – за двогласен женски (детски) хор со пијано, (1965); Росен бисер, – за двогласен женски (детски) хор со пијано, (1967); Тропар, за мешан хор, (1968); Јасна вечер, – за женски хор, (1970); Елегија, за мешан хор, (1973); Една ноќ, – за тригласен женски хор, (1976); Лилија ж‘лта в ношт лунују, – за хор, (1985); „Херувимска песна“, – за машки хор, (1995);
ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА: Елеорп ‘76,(1976);
ПЕСНИ ЗА ДЕЦА: Тир-тир-тара, (1973); Зима, (1971); Дремка и сон, (1972); Писмо, (1973); Песна на штурчето, (1975); Септемвриско ракување, (1986); Славеј планина, (1987);
ФИЛМСКА МУЗИКА: Музика за филмот „Јад“ во режија на Кирил Ценевски (коавтор: Сотир Голабовски
ПУБЛИЦИСТИКА
КНИГИ
•• За музиката, (1962)
••Музичката уметност во Македонија, (1982)
••Музичка уметност за 1 и 2 година на средното образование, (1983)
••Музичка уметност за прва и втора година на средното образование
(Просветно дело, Скопје), (1983)
•• 20 години Факултет за музичка уметност, (1986)
••Арс Нова Македоника, (1986)
••Огледи за византиско-словенската музика во Македонија (Worldbook,
Скопје), (2001)
•• Волшебниот Орфеј – 55 години Македонска опера (коавтор: Проф.
Фимчо Муратовски), (2002)
••De Musicis (музички рецензии и прикази), (2002)
СТАТИИ
••Музичката активност во Дебар и Дебарско (коавтор: С. Голабовски),
во Монографијата „Дебар“)
••Музичките прилики во Македонија од последните децении на
минатиот век до Балканските војни (ракопис)
•• Church Music in Macedonia (text printed on the cove of the gramophone
record „Macedonska crkovna muzika“, ed. Macedonian Rewie,
Recorded in „Helidon“, Ljubljana)
••Македонски сценски дела,
••Музички критики и статии,
••Музиката во Охрид и Охридско низ векови ((коавтор: С. Голабовски),
Монографија на Охрид и Охридско),
•• Хиландар и звук („Видици“, бр.14), (1955)
•• Јосип Славенски (портрет) („Културен живот“, бр. 5-6, Скопје), (1956)
••Лудвиг ванБетовен (портрет) („Културен живот“, бр.1- 2, Скопје),
(1958)
•• Волфганг Амадеус Моцарт (портрет) („Културен живот“, бр. 3-4,
Скопје), (1958)
••Подем на музичкото творештво („Културен живот“, бр. 3, Скопје),
(1960)
••Музичке прилике у Македонији од последњих деценија деветнаестог
века до Балканских ратова (рукопис; Музичка академија-
Београд), (1960)
•• Властимир Николовски (портрет), („Културен живот“, бр. 3, Скопје),
(1966)
•• Creation musicale macedonienne d’aujourd’hui („Zvuk“, br.77-78, Sarajevo),
(1967)
•• La musica in Macedonia (QUTD,N. 2, Roma), (1969)
64 47 Македонски композитори 65
•• Сегашниот миг на македонското музичко творештво, („Нова
Македонија“), (1969)
••Мајстор вокалне лирике, („Звук“, бр.101, Сарајево), (1970)
••Фолклорот во македонското музичко творештво (коавторство со
Драгослав Ортаков; реферат на Семинарот за македонски јазик,
литература и култура, Охрид), (1970)
••Авторизираната „народна песна“ и нејзиното место во актуелната
културна ситуација (реферат на XVII Конгрес на СЗФЈ, Пореч),
(1970)
••Актуелната културна ситуација (реферат на XVII Конгрес на СЗФЈ,
Пореч), (1970)
•• Prilog proučavanju muzičke prošlosti Makedonije („Arti musiices“, br.
2), (1971)
•• Zivko Firfov („Macedonian Review“ br. 1 Skopje), (1971)
••Musica sacra in Makedonia (Gloria a SAN CIRILLO, Edizione della revista,
“Kulturen zivot”, di Skopje, Roma), (1971)
•• Тома Прошев (портрет) („Културен живот“, бр.2-3, Скопје), (1971)
••Музичкото творештво во Прилеп и Прилепско ((коавтор С. Голабовски), во монографијата: „Прилеп и Прилепско низ историјата“,
Прилеп), (1971)
••Некои искуства од методологијата на истражувањето во областа на
старата словенска духовна музика во Македонија (коавтор: С.
Голабовски) (реферат на Меѓународниот симпозиум за старата
словенска музика, Софија), (1971)
••Црковно-словенски текстови и теми во современото македонско
музичко творештво (реферат на IV Семинар за македонски
јазик, литература и култура, Охрид), (1971)
••Некои резултати од иследувањето на старата словенска музика
(Меѓународен симпозиум за старата словенска музика, Софија
(коавтор: Д. Ортаков)), (1971)
••Прилеп II прилепско низ историјата (Прилеп (коавтор: Д. Ортаков)),
(1971)
••Фолклорни влијанија во прилепскиот регион врз црковно-
музичкото творештво ((коавтор: С. Голабовски), XIX Конгрес
на фолклористите на Југославија, Крушево), (1972)
•• Творештвото на најмладата генерација македонски композитори
(реферат на V-от Семинар за македонски јазик, литература и
култура, Охрид), (1972)
•• Трагика печалбарства – о опери „Разделба“ Трајка Прокопиева („Звук“,
бр.1, Сарајево), (1973)
•• Развојниот пат на македонската хорска музика (реферат на VI Семинар
за македонски јазик, литература и култура, Охрид), (1973)
••Неповторлива, монолитна творба – 30 години од првата изведба на
„Македонското оро“ од Тодор Скаловски („Нова Македонија“,
Скопје), (1974)
•• Развојот на македонската соло песна (реферат на VII Семинар за
македонски јазик, литература и култура, Охрид), (1974)
••Македонска музика – уметничка (статија во Музичка енциклопедија
JJ13, кн.2, Загреб), (1974)
••Неке карактеристике најновије стваралачке фазе Томе Прошева
(„Звук“, бр.2, Сарајево), (1975)
•• Барток и ние (по повод 30-годишнината од смрта на големиот
композитор) („Нова Македонија“), (1975)
••Атанас Бадев („Културен живот“, бр.5-6, Скопје), (1976)
••Кон проучувањето на народната црковно-музичка традиција во
Гевгелиско, Валандовско и Струмичко („Македонски фолклор“,
бр. 17, Скопје), (1976)
••Македонската револуционерна песна од времето на HOB („Македонска
музика“, бр. 1, Скопје), (1977)
••Музичката уметност во Македонија за време на Преродбата (симпозиум
„Школството, просветата и културата во Македонија за време
на Преродбата“, Титов Велес и Штип, 1977, Скопје, 1979,стр.547-
567), (1977)
••Преглед на поважните трудови за македонската револуционерна
песна од периодот на HOB (реферат почитан во Пехчево по
повод концертите на „Струшка музичка есен“), (1977)
••Охрид и охридско низ историјата (коавтор: Д. Ортаков), (1978)
••Кон прашањето за потеклото и развојните линии на македонското
црковно пеење („Македонска музика“, бр. 2, Скопје, 1979;
„Климент Охридски“ – студии, Скопје, 1986), (1979)
••Неуматски рукопис Хрисантове нотације y Македонији (симпозиум на
фестивалот „Вараждински барокни вечери“, Вараждин), (1980)
••Music in Macedonia (Music of Yugoslav Peoples and Nationalites, Zagreb),
(1980)
•• Jugoslovanska glazbena dela (Делот за македонските музички дела;
Drzavna zalozba Slovenije, Ljubljana), (1980)
••Кумановките на Трајко Прокопиев (симпозиум „Дојрански ракувања
’80“, Публикација за животот и творештвото на композиторот,
Скопје), (1981)
•• La musica (in Macedonia) (La Battana, No. 59, Rijeka), (1981)
••Некои прашања за метро-ритмиката во византиско-словенската
духовна музика, („Македонска музика“, бр. З, Скопје), (1981)
••Димитар Златанов – Градоборски („Македонска музика“, бр. З, Скопје),
(1981)
•• Хорското творештво во Југославиja (хорски фестивал и симпозиум,
Атина), (1981)
••Драгослав Ортаков – Музичката уметност во Македонија (Осврт врз
книгата) („Културен живот“, бр. 6), (1983)
••Атанас Бадев и неговото дело („Македонска музика“, бр. 5, Скопје),
(1984)
•• Стремежот кон објективниот израз во византиско-словенската
духовна музика („Македонска музика“, бр. 5, Скопје), (1984)
••Пјесме из Македоније y Кухачевој збирци „Јужно-словјенске народне
попјевке“ (зборник радова са знанственог скупа одржаног y
поводу 150. обљетнице роѓења Фрање Ксавера Кухача, Загреб),
(1984)
••Дострели и дилеми на македонската современа музика (трета програма
на Радиото, бр. 20, МРТ, Скопје, 1984, стр. 265-271), (1984)
•• Church Music in Macedonia (Text printed on the cover of the gramophone
record “Macedonska crkovna muzika”, ed. Macedonian Review,
Recorded in “Helidon”, Ljubljana), (1984)
••Works of Music for the Stage by Macedonian Composers, Yugoslav Authors,
Agency, Authors, Agency of the S.R. of Macedonia, Skopje, (1985)
••Музичките традиции во Македонија (трета програма на Радиото, бр.
23, МРТ, Скопје, 1985,стр. 229-233), (1985)
••Кон прашањето на хроматиката во византиско-словенската музика
(„Македонска музика“, бр. 6, Скопје), (1986)
••Псалтикијниот воскресник од Васил Иванов Бојаџиев и авторските
напеви од него („Македонска музика“, бр. 6, Скопје), (1986)
••Македонскиот фолклор во уметничкото творештво до 1945 година
(„Македонски фолклор во музичкото и драмското творештво
до 1945 година“, МАНУ, Скопје), (1986)
••Музиката во Македонија во XIX век (семинар за македонски јазик,
литература и култура, Охрид), (1986)
••Арс нова Македоника (циклус текстови на Трета програма на Радио
Скопје, Пролет), (1986)
••Das Musikschaffen in Mazedonien (Musikschaffen der Volker und
Nationalitaten Jugoslawien, MIC, Zagreb), (1987)
•• Екфонетските ракописи во Македонија (реферат во рамките на
Музиколошката секција на „Струшка музичка есен“, Струга),
(1987)
••Иван Николов-Танго (1915-1975), Еден век музички живот, 40 години
на Основното музичко училиште “Киро Димов”, Титов Велес
(Титов Велес, 1988, стр. 130-131), (1988)
••Црковното пеење во Климентовата школа, Климент Охридски и
улогата на Охридската книжевна школа во развитокот на
словенската просвета (МАНУ, Скопје, 1989, стр. 293-298), (1989)
•• Столетија на македонската музика, Содржински и методолошки
прашања во истражувањето на историјата на културата на
Македонија (Макро-проект “Историја на културата на Македонија”,
книга 1, МАНУ, Скопје, 1995, стр. 145-152), (1995)
••Канонското и индивидуалното во стилските релации на македонското
црковно пеење, Религиите и религиските аспекти на материјална-
та и духовната култура на почвата на Република Македонија,
Прилози за истражувањето на историјата на културата на
почвата на Македонија (Макропроект “Историја на културата на
Македонија”, книга 4, МАНУ, Скопје, 1996, стр. 295-310) , (1996)
•• Стилските и естетските специфики на македонското музичко народно
творештво, Народното творештво на почвата на Македонија,
Прилози за истражувањето на историјата на културата на
почвата на Македонија (Макропроект “Историја на културата на
Македонија”, книга 6, МАНУ, Скопје, 1997, стр. 145-150), (1997)
••Песни од Македонија во збирката на Фрањо Кухач „Јужнословјенске
народне попиевке“ („Музика“, год. 2, бр. 2-3, Скопје, 1998, стр.
1-12), (1998)
••Потеклото и развојните линии на македонското црковно пеење,
(Макропроект “Историја на културата на Македонија”, книга
7, МАНУ, Скопје, 1997, стр. 37), (1999)
••Музичката традиција во Охридскиот книжевен центар, (коавтор – С.
Голабовски) Макропроект “Историја на културата на Македонија”,
книга 7, МАНУ, Скопје, 1997, стр. 13, (1999)
••Музичкото творештво врз Хрисантовата невматска нотација,
Макропроект “Историја на културата на Македонија”, книга
7, МАНУ, Скопје, 1997, стр. 77, (1999)
••Метро-ритмиката во Византиско-словенската духовна музика,
Макропроект “Историја на културата на Македонија”, книга
7, МАНУ, Скопје, 1997, стр. 85, (1999)
••Димитар Златанов Градоборски, Макропроект “Историја на културата
на Македонија”, книга 7, МАНУ, Скопје, 1997, стр. 145, (1999)
•• Васил Иванов Бојаџиев, Макропроект “Историја на културата на
Македонија”, книга 7, МАНУ, Скопје, 1997, стр. 153, (1999)
••Живко Фирфов, Макропроект “Историја на културата на Македонија”,
книга 7, МАНУ, Скопје, 1997, стр. 339, (1999)
••Музичкиот живот во Штип и Штипско до 1941 година („Музика“, год.
5, бр. 8, Скопје, 2001, стр. 55-68), (2001)
••Духовните творби на Ѓорѓе Стојчевиќ од Кратово (Огледи за
византиско-словенската музика во Македонија, Worldbook,
Скопје, 2001, стр. 190-204), (2001)
•• Ракописот од Охридската збирка инв. 101, сигн. IV/43 (Огледи за
византиско-словенската музика во Македонија, Worldbook,
Скопје, 2001, стр. 65-73), (2001)
••Псалтикијниот воскресник од Васил Иванов Бојаџиев и авторските
напеви во него (Огледи за византиско-словенската музика во
Македонија, Worldbook, Скопје, 2001, стр. 98-110), (2001)
•• Ракописната псалтика од Васил Икономов и авторските напеви во
неа (Огледи за византиско-словенската музика во Македонија,
Worldbook, Скопје, 2001, стр. 125-136), (2001)
••Две духовни творби од Кирил Пејчиновиќ (Огледи за византиско-
словенската музика во Македонија, Worldbook, Скопје, 2001,cтp.
173-187), (2001)
Марко Коловски, музиколог (книга „47 македонски композитори“)