Членови, Композитори

ГОЦЕ ГАВРИЛОВСКИ

(Охрид, 07.02.1978)
композитор

Претставник е на помладата генерација македонски композитори. Целосното музичко образование го завршува во Скопје (МБУЦ – музичка теорија и педагогија, и пијано и на Факултетот за музичка уметност). Композиција дипломира во класата на проф. Гоце Коларовски, а магистрира Теорија на оркестрацијата во класата на проф. Тома Манчев со темата „Присутноста, улогата и употребата на музичките инструменти во Третата симфоинија „Рустика“, опус 58 од македонскиот композитор Властимир Николовски“. Учествувал и на повеќе семинари по композиција на кои слушал предавања на еминентни предавачи како што се Шчетински, Радвилович, Курц, Готибер, Швон и други. Творештвото на Гавриловски му припаѓа на повеќе различни видови и жанрови на класичната музика. Во однос на композициските техники, не се задржува во едни сфери, ами постојано трага во звучните сфери што придонесува да употребува композициско-технички постапки блиски до сонористиката, минимализамот, сериелизамот, додекафонијата. Понекогаш комбинирани дури и во рамките на една иста композиција. И покрај тоа, во неговото творештво се присутни теми и одгласи од македонскиот музички фолклор. Неговиот дух, тогаш кога не користи народни теми, најчесто го доловува преку употребата на нерамноделните метро-ритмички структури. Композициите на Гоце Гавриловски се изведувани на повеќето фестивали на класична музика во Македонија, како и во Бугарија, САД, Русија, Германија итн. Добитник е на повеќе стручни награди од кои најзначајни се неколкуте наградени композиции на 5-тиот натпревар на композитори „Хорска лабораторија на XX-от век“ одржан во Санкт Петербург, на кој во две категории – „Музика на народен текст“ и „Експериментално хорско дело со современи музички изразни текстури“ ги добива втората 212 47 Македонски композитори 213 и третата награда за делата „Заблеало“ за женски хор и „Meditation mix combination – за мешан хор.

ТВОРЕШТВО

ОРКЕСТАРСКО: Симфониска суита, – за симфониски оркестар, (2002); Рој…., – за гудачки оркестар, (2003); Зуење, – за мандолински оркестар, (2004); Грев, – за симфониски оркестар, (2005); На штрек, – за симфониски оркестар, (2006); Passacaglia , Chaconne „Река“, – за гудачки оркестар, (2009); Модерен танц, – за гудачки оркестар и пијано, (2009); Фолклорен танец – Оро, – за гудачки оркестар, (2009-10); Прелудиум – Оркестарски сонатен став, – за симфониски оркестар, (2010); Модерен Танец, – за симфониски оркестар, (2010);

КАМЕРНО: Хоророт, – за две пијана; Соната-став, – за две пијана; Мала токата, – за две пијана; Соната-Прелудиум, – за две пијана; Концерт-прелуидуметида, – за две пијана; Во круг, – за машки глас и пијано, (1997/98); Песна, – за вокал и виолончело, (1997/98); Вокална пиеса „Предвидувања“, – за сопран и пијано, (1998); Дует, – за виолина и пијано, (1998); Минијатура, – за мандолина и пијано, (1998); Ветар, – за 2 флејти и пијано, (2000); Игра, – за виолина и пијано, (2000); Неколку моменти пред почеток на концертот…, – за камерен ансамбл, (2002); Страв од…, – за висок женски глас, флејта, виолончело и пијано, (2002); Ветер, – за флејта, обоа, пијано и хармоника, (2003); Ветерот, – за флејта, обоа, хармоника и пијано, (2003); Птици – Чрчорки, – за камерен ансамбл, (2004); Сонорни ефекти, – за обоа и пијано, (2005); Вежба, – за две пијана, (2005); Sonata-movement, – за две пијана, (2005); Токатина, – за две пијана, (2005); Соната-Прелудиум, – за две пијана, (2005); Концертен Прелудиум – Етида, – за две пијана, (2005); Ужас, – за две пијана, (2005); Мрак, – за две пијана, (2005); Вежбање, – за две пијана, (2005); Сонорни ефекти, – за обоа и пијано, (2005); Those Funny Birds – Concert Piece, – за камерен ансамбл, (2007); Кругот, – за кларинет, бас кларинет и пијано, (2007); Модерен танец, – за камерен ансамбл, (2008); Сонатен став – Прелудиум, – за камерен ансамбл, (2008); Оро, – за камерен ансамбл, (2009); Река, – за гудачки квартет, (2009); Фолклорна плетенка, – за гудачки квартет, (2009); Оро, – за гудачки квартет, (2009); Токата-варијации, – за две пијана, (2009/10); Темен циклус, – за гудачки квартет, (2010); Река, – за обоа, виолина, виола и виолончело, (2010); Инструментален танц, – за обоа, виолина, виола и виолончело, (2010); Во кругот, – за сопран и пијано, (2010); Токата, – за флејта, пијано, бас, бонгос, (2010/11); A Latin Piece, – за флејта, пијано, контрабас и бонгос, (2011); Jazz-Toccata, – за флејта, пијано, контрабас и бонгос, (2011); Токатина, – за флејта и пијано, (2011); A Dis A B E B A – Медитација за сите несреќни деца, – за баритон/ мецо-сопран и пијано, (2011); Разновидни ритмички решенија, – за 2 пијана и 13 удирачки инструменти, (2011); GoCE_ GA- Initials, – за гудачко трио: виолина, виола и виолончело, (2011); Токатина, – за флејта и пијано, (2012); Концертна пиеса „Дај Дуни“, – за бас/баритон и пијано, (2012); Концертна пиеса во 3 става, – за флејта и пијано, (2013); „Дај Ду (Дуј)“, – за сопран и пијано, (2013); „Дон Сербез“ – Perpetuum mobile – Прелудиум – Вокализа – Концертна пиеса , – за два сопрани/тенори и пијано, (2013); Концертна пиеса „Не Донке“, – за машки глас и пијано, (2013); Ангелска успивалка, – за 2 вокали, (2013); Циклус „Син триплет“, – за вокал и пијано, (2013); „Донко“ – Perpetuum mobile, Два фолклорни става, – за флејта и пијано, (2013); Концертна пиеса „Јовке“, – за дувачки инструмент и пијано, (2013); Folk- Duplex, – за пијано трио: сопран, труба (или некој друг) и пијано, (2013); „Балканска техно суита“ – 4 песни , – за пијано трио, (2013);

СОЛИСТИЧКО: Минијатура, – за труба; Минијатура, – за обоа; Минијатура , – за кларинет; Минијатура , – за мандолина; Минијатура, – за пијано; Циклус, – за соло флејта, (1997); Темниот џез, – за пијано, (1997); Мала токата, – за пијано, (1997/98); 3 бавни пиеси, – за пијано, (1997/98); Рондо, – за пијано, (1998); Larghetto, – за пијано, (1998); Соната-став, – за пијано, (1998/99); Додекафонска суита, – за соло виолина, (2000); Мала соната, – за пијано, (2000/2001); Студија, – за пијано, (2002); Модерна флејта, – за флејта, (2003); Модерна флејта, – за соло флејта, (2003); Циклус „Круг“, – за соло кларинет и бас кларинет, (2003); Концертна етида, – за соло фагот, (2003-04); Концертантна пиеса, – за кавал (флејта), (2010); Токата – C-F-G-C-F-C, – за пијано, (2010); Скриена полифонија, – за виолончело, (2011); Циклус, – за соло харфа, (2011); Скриена полифонија, – за соло виолончело, (2011); „Пијано циклус: Политехники – музиката на 20 век“ – Суита-партита „Осамен напевен воздив“, – за пијано, (2011)

ХОРСКО: Концертантна Вокализа „Мугри“ (албум со 9 сцени), – за мешан хор, (2006).

Марко Коловски, музиколог (книга „47 македонски композитори“, 2013)

СОКОМ