Членови, Композитори

ВЛАСТИМИР НИКОЛОВСКИ

(Прилеп, 20.12.1925 – Скопје, 28.3.2001)
композитор

Бил син на наставник по музика и многу рано бил во допир со музичката уметност: (… моите животни постулати влечат корени уште од детството, од „мали нозе“, во милјето на провинциското гратче Прилеп, моето родно место; во „антуражот“ на селскиот фолклор, каде што првите хуманистички пораки ги впивав од мајка ми учителка и татко ми – диригент и по малку композитор…“ (Радио Скопје, 14.01.1977). Сепак, систематското музичко образование, поради воените услови во кои се одвивале неговите средношколски денови, го започнал во 1946 година кога се запишал во Средното музичко училиште во Скопје. Една година подоцна, 1947 година станал студент на тогашниот Ленинградски конзерваториум во класата
по композиција на Орест Александрович Евлахов („…уште тогаш, во Ленинград имав можност да дојдам во контакт со генијалното творештво на Барток, на Мусоргски …“).

Иако краток, студискиот престој во Ленинград (денешен Санкт Петербург), прекинат поради познатите настани од 1948 година, одиграл извонредно значајна улога во формирањето на идејниот и музичкиот свет на Николовски. Според примерот на Мусоргски, во центарот на неговиот творечки интерес влегле „почитта на православната духовна традиција, сочувството со слабите и беспомошните и длабокото почитување на народната фолклорна традиција. Токму овие идеи, својствени на обемниот опус на Николовски во сите периоди на творештвото, секвентно повторени, модификувани и индивидуализирани во творештвата на преостанатите македонски композитори, условија издвојување на македонското професионално композиторско творештво и стекнување епитет на македонска композиторска школа“. (Коларовски).

По враќањето од Русија, Николовски се запишува на Музичката академија во Белград, во класата на професорот Миленко Живковиќ, каде (Прилеп, 20.12.1925 – Скопје, 28.3.2001) композитор ВЛАСТИМИР НИКОЛОВСКИ што дипломира во 1955 година. Потоа започнува неговата плодна дејност на многу подрачја, работејќи како професор во Средното музичко училиште во Скопје, музички уредник во Радио Скопје, директор на Операта при МНТ и професор на Педагошката академија. Во 1966 година е професор и прв декан на тогаш основаниот Факултет за музичка уметност во Скопје (тогаш – Висока музичка школа), каде што останува до крајот на својот работен век. Во 1981 година е примен за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Бил претседател на Сојузот на композиторите на Македонија и претседател на Сојузот на композиторите на тогашна Југославија.

Творештвото на Властимир Николовски е исклучително богато и разновидно. Опфаќа над 140 музички композиции од речиси сите видови и жанрови на класичната музика, како и голем број публицистички трудови во кои обработува различни прашања од музичката уметност. Особено маркантни се неговите вокално-инструментални композиции (ораториуми, кантати) и неговите оркестарски дела. Понекогаш во нив се потпирал врз најдлабоките слоеви на македонската музичка традиција (пр. ораториумот „Клименту“ во кој се користени оригинални текстови на Климентовите ученици), при што изворниот материјал на авторот најчесто му служи за сопствена разработка. Текстовите од „Клименту“ „… амалгамираат многу стилски релации и композициски постапки во кои преку партиите на хорот, солистите и оркестарот се изменуваат драмските и лирски делови, напнатостите и попуштањата…“ (Д. Ортаков). Сепак, највисоките творечки дострели Властимир Николовски ги постигнал на полето на хорската музика и во делата во кои доминира вокалот. Особено тука, но и во целиот творечки опус на Николовски, инспирацијата од фолклорот е речиси неизбежна. При неговата обработка сосема јасни и нескриени се „алузиите“ на Бартоковиот пристап кон инспирирањето од националниот фолклор и неговото користење во творештвото. Овој автор, всушност, бил инспирација за цела низа македонски композитори коишто своето творештво го започнуваат во педесеттите и шеесеттите години (Ортаков, Стојков), но кај Николовски неговиот творечки манир во кој доминираат „сонорноста, пред сѐ во гудачките ставови, … мелодиските контури со модален карактер, како и богатството на метроритмичките структури…“ (Д. Ортаков) има суштински и траен карактер. Нив, освен во инструменталните творби, ги среќаваме и во неговиот обемен хорски опус, во кој тој овие композициски постапки ги применува по генерацијата што се потпираше врз романтичарските принципи на обработка и кај кои бартокијанството беше само интуитивно загатнато во многу мал број дела.

Композиторското кредо на Властимир Николовски е дека треба да се одбегнуваат најрадикалните постапки на музичката авангарда на дваесеттиот век. Според него, тие се израз на творечка немоќ и креативна стерилност. Токму затоа неговиот музички јазик е умерен, експресивен, со потпирање врз духовното и фолклорно поднебје на Македонија. Главните 54 47 Македонски композитори 55 карактеристики на тој јазик се „… употреба на модуси и тоналитети, … градење на мелодијата врз база на мали, главно надолни интервалски движења, … извирање на метриката од метриката на текстот и од метриката на народниот мелос, … употреба на брзи темпа со пулсирачка музичка содржина…“ (Прошев, 1986)

ТВОРЕШТВО
ОРКЕСТАРСКО: Симфонија бр. 1 „Бревис“, (1957); Суита „Ин модо антико“, (1957); Мала суита, (1961); Пасакаља, (1964); Симфонија бр. 2 „Барбара“, (1968); Стари танци, (1970); Дивертименто – за флејта и гудачи, (1974); Симфонија бр. 3 „Рустика“, (1975); Концерт – за пијано и оркестар, (1978); Фолклорофонија, (1979); Концертантни варијации, (1986); Концерт – за виолина и оркестар, (1987); „Росиниана“ – за виолина и гудачки оркестар, (1992); „Орлите на Македонија“ – за солисти, хор, рецитатор и симфониски оркестар, (1993); „Македонско оро“ – за симфониски оркестар, (1994)

КАНТАТИ И ОРАТОРИУМИ: Кантата „Сончева колона“, – за солисти, хор и оркестар, (1961); Кантата „Пикантерии“, – за солисти, хор и оркестар, (1963); Кантата „Сердарот“, за солисти, хор и оркестар, (1963); Кантата „Антилитургија“, – за солисти, хор и оркестар, (1964); Ораториум „Клименту“, – за солисти, хор и оркестар, (1966); Ораториум „Кирилу“, – за солисти, хор и оркестар, (1969); Ораториум „Непокор“, – за солисти, хор и оркестар, (1979)

ВОКАЛНО – ИНСТРУМЕНТАЛНО: Циклус „По патиштата“, – за глас и оркестар, (1960); Сатир 2, – за глас и оркестар, (1970); Црнила, – за глас, пијано и гудачи, (1984); Симфонија бр. 5 „Ритуале“, – за мешан хор, соло баритон и удиралки, (1987); В хилјада и седумстотин, – за мешан хор, соло баритон и симфониски оркестар, (1989); Опело „Морторно“, – за женски хор, гајда, зурли, кларинет и удиралки, (1992)

КАМЕРНО: Варијации, – за кларинет и пијано, (1948); Тешкото, – за кларинет и пијано, (1948); Суита, – за виолина и пијано, (1950); Два става, – за кларинет и пијано, (1952); Сонатина, – за виолина и пијано, (1953); Рондо, – за кларинет и пијано, (1953); Гудачки квартет, (1954); Суита, – за обоа и пијано, (1956); Кончертино, – за виолина и пијано,
(1963); Три соноро, – за кларинет, виола и пијано, (1965); Тешкото, –
за виолончело и пијано, (1973); Минијатури , – за две виолини, (1975);
Соната, – за виолончело и пијано, (1978); Гудачки квартет, (1985);
Камерна симфонија бр. 4, (1986); Ба…бур…ба…бур, – за фагот и
пијано, (1988); „Мортарио“, – за женски хор и камерен состав, (1992);
„Сатир“ Но.3, – за глас, виола, удиралки, (1993)

ХОРСКО: Мариовска, – за мешан хор; Сејмен седи, – за мешан хор, (1949); Тешкото, – за мешан хор, (1950); Свршувачка бр. 1, – за мешан хор, (1950); Суита, – за женски хор, (1952); Трипла фуга, – за мешан хор,
(1952); Кон уморе, – за детски хор, (1953); Свирачот, – за мешан хор,
(1953); Жалбена, – за мешан хор, (1953); Две детски , – за детски хор
и пијано, (1958); Три скерца, – за мешан хор, (1958); Дадички, – за
детски хор, (1959); Пародии, – за мешан хор, (1959); Четири детски
хора, – за детски хор, (1960); Селски бурлески, – за мешан хор, (1960);
Циклус „Мариовче“, – за детски хор и пијано, (1963); Миле Поп
Јорданов, – за мешан хор, (1963); Варијации 1, – за мешан хор, (1963);
Пет народни, – за машки хор, (1964); Три пасторали, – за женски хор,
(1964); Пет шведски народни, – за женски хор, (1966); Возхвалници
за Климент, – за мешан хор, (1967); Пародии, – за вокална група и
камерен оркестар, (1970); Свршувачка 2, – за мешан хор и солисти,
(1970); Поронченија, – за мешан хор, (1971); Елдорадо, – за вокална
група и камерен оркестар, (1974); Време, – за вокална група и камерен
оркестар, (1974); Папазјанија, – за женски хор, (1975); Варијации
2, – за женски хор, (1976); Тешкото 2, – за мешан хор и тапан, (1977);
Илинденка 2, – за женски хор, (1978); Гурбетчиска, – за женски хор,
(1980); Варијации 3, – за машки хор, (1981); Господи возвах, – за
машки хор, (1983); Се навали, – за машки хор, (1984); Проклетство
2, – за мешан хор, (1985); Концертантни варијации, – за мешан хор,
(1986); Оче наш, – за машки хор, (1990); Слово о Љубве, – за женски
хор и баритон, (1990); Частушки, – за мешан хор, (1990);
СОЛИСТИЧКО: Три танци, – за пијано, (1948); Турецки танц „Чучек“, – за пијано, (1948); Четири пиеси, – за пијано, (1949); Варијации , – за пијано, (1952); Токата, – за пијано, (1955); Три детски лирски, – за пијано, (1960); Младински албум, – за пијано, (1960); Лирски прелудиум, – за пијано, (1962); Фолклорна соната, – за пијано, (1965); Три танци, – за пијано, (1968); Балада, – за пијано, (1973); Тешкото, – за фисхармоника, (1977); Тажачка, – за фисхармоника, (1977); Танец, – за фисхармоника, (1977); Три сонати hommage a Scarlatti, – за пијано, (1979); Фуга DSCH – BACH, – за пијано, (1980); Циклус „Менажеријада“, – за пијано, (1980); Мокросоната, – за пијано, (1982); „Контрасти“, – за пијано, (1991); „Варијации-парафрази“, – за пијано, (1998)

СОЛО ПЕСНИ: Марика, – за глас и пијано, (1948); В мугри, – за глас и пијано, (1948); Љубовта на овчарот, – за глас и пијано, (1948); Приспивна, – за глас и пијано, (1949); Подарок, – за глас и пијано, (1951); Чавкар војвода, за глас и пијано, (1953); Гротеско, – за глас и пијано, (1959); Лирски циклус, – за глас и пијано, (1962); Циклус „Сатир 1“, – за глас и пијано, (1963); Свенат цвет, – за глас и пијано, (1964); Циклус „Македонка“, – за глас и пијано, (1964); Ленка, – за глас и пијано, (1971); Илинденка, за глас и пијано, (1977); Циклус „Исповед“, – за глас и пијано, (1981)

МУЗИКА ЗА ДРАМИ: Градот расте кон велеград; Моралитет; Фарса за храбриот Науме; Кузман Капидан; Пречек; Пигмалион; Тешки години; Вечерни птици; Сенка; Генералот Крес и Генералот Бес; Се случи еден ден, (1960); Богунемили, (1971)

ПЕСНИ ЗА ДЕЦА: Чучулига, (1957); Моето село, (1957); Градинка, (1987)

ПУБЛИЦИСТИКА:
••Новие социјалистические содержанија („Советскаја музика“, Москва);
•• Владо Милошевиќ – бард босанске вокалне музике (печатен во
монографијата за академикот Владо Милошевиќ, Сарајево);
•• Традицијата во македонското музичко творештво („Македонска
музика“, бр. 5, Скопје);
•• Хероиката и револуционерната тематика во повоеното македонско
музичко творештво (Македонска музика, бр. 5);
••Кирило-методиевската традиција, како инспирација во музичкото
творештво (ракопис);
•• „Горски вијенац” од Никола Херцигоња (Нова Македонија, бр. 4103,
31/10/57) (1957)
•• Успешен концерт (Нова Македонија, бр. 4204, 14/2/58) (1958)
•• Уметничко репродуктивно творештво (Нова Македонија, бр. 4580,
25/4/59) (1959)
•• Голема уметност на Aнa Тофовиќ – Липша (Нова Македонија, бр.
5239, 23/5/61) (1961)
••Чангаловиќ во „Борис Годунов“ (Нова Македонија, бр. 5260, 13/6/61)
(1961)
•• “Могуќност примене фолклора y најсавременијој музичкој уметности” (реферат на IX Конгрес на Сојузот на фолклористите на
Југославија во Требиње), (1962)
••Македонски музички фолклор y композиционом третману Стевана
Мокрањца (реферат на Конгресот на Сојузот на фолклористите
на Југославија во Охрид), (1964)
••Фолклорот и современиот музички израз (Нова Македонија, бр. 6310, 10/5/64) (1964)
••Некои карактеристики на современото македонско музичко творештво (реферат на II Семинар за македонски јазик, литература и
култура, Охрид), (1969)
••На новом пути („Советскаја музика“, бр. 11, Москва), (1970)
••Фолклорот во македонското музичко творештво (коавторство со
Драгослав Ортаков; реферат на Семинарот за македонски јазик,
литература и култура, Охрид), (1970)
••Македонско музичко стваралаштво (реферат на Трибината на
југословенското музичко творештво, Опатија), (1970)
•• Византиската духовна музика како инспирациja во современото
македонско музичко творештво (реферат поднесен на
Меѓународниот симпозиум во Охрид), (1976)
••Музиката и музицирањето во HOB во Прилеп и прилепско во 1942
год. (реферат на Научниот собир во Прилеп на тема „Прилеп и
прилепско во HOB 1942 год.“, Прилеп, 1976; печатен во Скопје,
1978), (1976)
••Фолклорното творештво како инспирација во музиката (реферат на
X Семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид),
(1977)
•• Современи тенденции во македонското музичко творештво (реферат на ХII Семинар за македонски јазик, литература и култура,
Охрид), (1979)
••Фолклорот во македонското музичко творештво во 1945 (реферат
прочитан во МАНУ), (1980)
••Инструменталното творештво на композиторот Трајко Прокопиев
(објавен во збирката текстови за Трајко Прокопиев, „Дојрански
ракувања“), (1981)
•• Современое македонское музикаљное творчество (реферат на
меѓународниот симпозиум во Ленинград), (1982)
••Музиката и музицирањето во Прилеп и прилепско во 1944 и до крајот на Втората светска војна (реферат на научниот собир „Прилеп
и Прилепско“ во HOB 1944-45, Прилеп), (1983)
•• Zeitgonosses jugoslowiches musikalisshes Schaffe (реферат на
меѓународниот конкурс за хорови, Хаг), (1983)
•• L’oeuvre des freses de salonique Cyrille et methode – inspiration du genie
createur musical anonyme et professionel en Yugoslavie (реферат
на Меѓународниот симпозиум на La Universidad Intrnational,
Севиља), (1983)
•• L’oeuvre de la musique macedonienne contemprraine (реферат читан
во Високата музичка школа во Гетебург), (1983)
••Народните инструменти и можноста на нивното застапување во
професионално-творечката уметност (реферат прочитан
на Тркалезната маса одржана во рамките на X Републички
фестивал на народни инструменти и песни „Марко Цепенков“
во Долнени – Прилеп), (1984)
•• Заемното дејство на фолклорните елементи и елементите на
византиската музика во југословенското музичко творештво
(реферат на IX Меѓународен симпозиум на Балкански фолклор,
Охрид), (1985)
••Полската музичка култура и нејзината поврзаност со македонската
музика (реферат прочитан на научна дискусија во Скопје), (1985)
••Милоје Милојевиќ и македонската музика (во кн. „Милоје Милојевиќ композитор и музиколог“, Удружење композитора Србије,
Белград), (1986)
••Музицирањето и ангажираната творечка музичка мисла за време
на НОБ во Вардарска Македонија („Македонска музика“, бр. 6,
Скопје), (1986)
•• Славенски… Сеќања… Анегдоте (реферат на Симпозиумот за Јосип
Словенски, Чаковец), (1986)
••Црковнословенскиот јазик – инспирација во македонското музичко
творештво (реферат на Семинарот за македонски јазик,
литература и култура, Охрид), (1987)
•• Современото македонско музичко творештво (реферат прочитан на
Државната конзерваторија во Софија – 1987, и на Институтот
за музика во Нанцан – Кина), (1987)

Марко Коловски, музиколог (книга „47 македонски композитори“, 2013)

СОКОМ