Членови, Композитори

АЛЕКСАНДАР ПЕЈОВСКИ

(Скопје, 06.03.1979)
композитор

Музичкото образование го стекнува во Скопје. Во 1998 година завршува Средно музичко училиште (МБУЦ „Илија Николовски Луј“), а во 2004 година дипломира на Факултетот за музичка уметност. Од тогаш главно дејствува како слободен уметник, кој освен со компонирање се занимава и со издавање на дел од своите композиции на компакт – дискови. Има издадено седум албуми, од кои три од други издавачи (Младинскиот културен центар Скопје во соработка со Канал 103, Центар за изведувачки уметности „Мултимедиа“ и саунд студио “Hidden Dragon”), а четири на кои самиот се јавува како издавач. Александар Пејовски е необична и во многу нешта – исклучителна појава на македонската музичка сцена. Најнапред според нетипичниот, необврзувачки и неинституционален начин на студиите по композиција (со проф. Томислав Зографски кон крајот на деведесеттите). Тоа, натаму се претвора во, за вообичаените академски сфаќања, нетипичен приод кон музиката, творечкиот чин и неговата општествена рецепција. Она што не може да се нарече нетипично, но што, во секој случај е специфично, е своевидното одбивање да биде заробеник на еден стил, шема, манир, пристап. Неговиот водечки принцип е да се трага, да се менува, да се истражува. Во секоја смисла: стилска, жанровска, композициско-техничка, идејно-естетска. Од таму и широкиот стилски и жанровски спектар во кој се движи неговото досегашно творештво и кој би можел да се сфати како манир што е во најтесно сродство со постапките на дел од авторите, особено од втората половина на дваесеттиот век. Така широко сфатениот еклектицизам неминовно води до разновиден музички ракопис, многу често контрастен од едно до друго дело, а понекогаш и со стилски контрасти дури и во рамките на една композиција. Фактот што овој принцип се 222 47 Македонски композитори 223 повторува и дава делотворни резултати е доказ дека тој не е резултат на случајност, ами намера во чии основи лежи пораката дека во текот на нејзината историја во музиката речиси сè е кажано во однос на нејзината граматика и синтакса, а дека задачата на современиот композитор е низ тој медиум на композициски-технички и естетски дострели да ја пренесе својата интерпретација на тоа со векови наталожено музичко искуство. Низ тој медиум, значи низ музиката со сиот нејзин композицискотехнички потенцијал можно е, а според Пејовски дури и нужно, да се пренесуваат пораки кои имаат современ, вонмузички, а понекогаш дури и дневно-политички слој. Таков е случајот со неговите дела „Дискреирање мантра“ и „Фиром – Реквием“. Се разбира, тој не само што нив не ги интерпретира на тривијален начин, ами и бега од тоа додавајќи им поетски примеси низ кои се чувствува протест, револт, индигнација, резигнација. За да ја постигне саканата стилска, композициско-техничка и естетска димензија Пејовски се служи со широк спектар на изразни средства. Од таму во неговиот музички ракопис се препознаваат елементи на атоналност, примена на сериелните техники на компонирање, модален начин на хармонско мислење со потпирање на џезот. И, се разбира, потпирање врз класичната тоналност. За сево ова може да се најдат примери кај многу автори во дваесеттиот век, но најдиректни негови „композиторски предци“ може да се сметаат Ајвс, Такемицу, Рајх, Ендрисен. Токму некои од најкарактеристичните композициски постапки на дел од овие автори (кластерски хармонии, микрополифонија, пост сериелизам итн.) може да се сретнат во некои од делата на Александар Пејовски како што се Опа Иха – временски калеидоскоп (2011), Делфинови Солзи Во Ветрот – големиот бран (2013), Деца Монструми (2012), Црни Дождовни Капки (2009), Божилак Над Шинџуку (2007) и др. Александар Пејовски е исклучително плоден и на полето на таканаречената „применета музика“. Автор е на музиката за триесетина театарски претстави, краткометражни филмови, документарни филмови, телевизиски и други перформанси. Карактеристично за овој дел од творештвото е што и тука се пренесуваат неговите афинитети кон широкиот стилски и жанровски пристап што, пак, од друга страна придонесува за достигање на различните експресивни и емотивни штимунзи потребни да се следат вонмузичката содржина и дејствие за кои се пишувани.

ТВОРЕШТВО

ОРКЕСТАРСКО: Поистоветување, – за гитара, пијано и гудачи, (1998); Прелудиум за меланхолија, – за пијано и гудачки оркестар, (1999); ТАО 1, – за гитара, пијано и гудачи, (1999); Поистоветување, – за гитара, пијано и гудачи, (1999); Тројка , – за Биг Бенд , (2003); Луѓе, – за симфониски оркестар, (2004); Луѓе , – за Биг Бенд , (2004); Испинисабио , – за Биг Бенд , (2004); Луѓе , – за Биг-Бенд, (2004); Плацебо, – за Биг-Бенд, (2004); Испинисабио, – за Биг-Бенд, (2004); Плацебо , – за Биг Бенд , (2005); Хаикјуб 5-7-5 (+ верзија) , – за симфониски дувачки оркестар, (2006); Свита , – за соло виолончело, пијано, гудачки оркестар и тимпани , (2006); Случаи (според Случаи на Даниел Хармс), – за симфониски оркестар, (2007); ОоПАа ИХА- временски калеидоскоп , – за симфониски оркестар, (2011); Плачот на детелинките (во процес на работа), – за гудачки оркестар, (2012); Акаунтинг + наратор-лента , – за гудачки оркестар, (2012); Делфинови солзи во ветрот – големиот бран, – за симфониски оркестар, (2013); Гвадалукивир 1903 – на ѓемиџиите, – за симфониски оркестар, (2013);

КАМЕРНО: Одненадеж, – за гитара, пијано и виолончело, (1999); ТАО 2, – за гирара, пијано и виолончело, (2000); Мисла и порив, – за гиратара и пијано, (2000); Без правец, – за виолончело и пинао, (2000); Пролог, – за гитара и пијано, (2000); Анксиоза, – за гитара, пијано и виолончело, (2000); Пен, – за гитара, пијано и виолончело, (2000); Пат(ко-автор) – албум, неиздаден, (2003); Змеј од хартија – албум, (2004); Омаж на учителите – албум, (2009); Скопје, само момент, (2009); Маримбафонибра, – за вибрафон и маримба, (2009); Дискреирање мантра – албум, – за , (2010); Ле Томбо – албум, (2010); Органум, – за џез квинтет, (2011); ЛСД Полизурлија, – за маримба и лента, (2011); Ум Заум – албум, (2012); Пред иконостасот – 9 воздишќи во Месијанов модус, – за вибрафон, пијано и удиралки, (2012); Деца Монструми, – за виолина, виола, виолончело, флејта, кларинет и пијано, (2012); Не Излегувај Надвор (според Малечка Басна од Франц Кафка), – за алт и гудачки квартет, (2013); Пантомима во мишја рупа, – за саксофон, гудачки квартет и пијано, (2013);

ВОКАЛНО-ИНСТРУМЕНТАЛНО: Портрет на Биљана Тримчевска, – за женски хор, лента; Дискреирање мантра: Еу Нато, Сол Макарон, О Мони Мони Ма, Ресетирачка, – за женски хор, пијано, органа, удиралки, лента, (2009); ЕргаОМнес, – за женски хор, лента, (2012); Транс Фиром Експрес – Гласверк, – за женски хор, гудачки оркестар, пијано, органа, лента, (2012); Миса Бревис, – за женски хор, гудачки оркестар, харфа, челеста и органа, (2012);

ЕЛЕКТРОНСКА И ЕЛЕКТРО-АКУСТИЧКА МУЗИКА: Норвешка денес – албум, (2010); Елипса, (2010); Надоаѓа пурпур, (2011); Хетерозурлија ЛСД – астрално патување на Рајх низ Мијачките предели, – за маримба и лента, (2013); СОЛИСТИЧКО Песни од Мишја Рупа, – за пијано , (2013); МУЗИКА ЗА ФИЛМ Кавал, (1998); Ловец, (2000); Радост на животот, (2001); Околу три, (2002); Чекајќи го Годо, (2002); Златко легна на креветот и не сака да стане, (2004); Симфонија на градскиот автобус, (2005); Северен лет, (2005); Петнаесет секунди, (2005); Години на самотија, (2005); Neil, (2005); Бунило, (2009); Еден, (2010); Евреите во Македонија – 2, (2011); Евреите во Македонија – 1, (2011); Госпоѓа Рубин, (2011); Панкот не е мртов, (2011); Бардо, (2011); Zero recycled – Šri čarši, (2012); Skopje Remixed – The Whistler, (2012); Човекот со чудна навика да ги удира луѓето со чадори, (2012); 409, (2013);

МУЗИКА ЗА ТЕАТАР И ЗА КОРЕОГРАФСКИ ПЕРФОМАНС: Норвешка денес, (2010); It, (кореографски перформанс) (2010); Светица на иднината, (2011); Го сакам Скопје, (2012); Секс, лаги и диви гуски, (2012); Орфеј и Евридика, (2013).

Марко Коловски, музиколог (книга „47 македонски композитори“, 2013)

СОКОМ