Како се станува член на СОКОМ

 

Зачленувањето во Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ е утврдено со Статутот на СОКОМ. Во прилог се извадоци од Статутот со кои се утврдуваат критериумите за членство во СОКОМ:

Член 9

Член на СОКОМ може да биде секој композитор и музички писател државјанин на Република Македонија кој доброволно ќе стапи во СОКОМ на начин и по критериуми утврдени со овој статут.

Зачленувањето во СОКОМ се врши со потпишување на пристапница која при склучување или престанок на членување во СОКОМ, се враќа.

Член на СОКОМ може да биде и странски државјанин.
СОКОМ води регистар на своите членови кој се ажурира еднаш годишно.

Секој член може доброволно да истапи од СОКОМ.
 

Член 10

СОКОМ има редовни, вонредни и почесни членови.
Редовен член може да стане композитор или музички писател, државјанин на Република Македонија кој со својата творечка работа и изведените односно објавените дела покажува стручни и уметнички валитети.
Вонреден член може да стане композитор или музички писател, државјанин на Република Македонија, кој не ги исполнува во целост условите за редовен член.
Почесен член може да стане секој кој придонесува во остварувањето на целите и задачите на СОКОМ или на друг начин учествува во неговата афирмација.
 

Член 11

Утврдувањето на исполнувањето на критериумите за прием на кандидатите го извршува Претседателството, а Собранието го констатира односно, потврдува приемот.
Кандидатот за прием за редовен или вонреден член во СОКОМ треба да поднесе пријава со биографски податоци и податоци за своето творештво.
Кандидатот со пријавата е должен да поднесе:

Во областа на сериозната музика:
- инструментално музичко дело, циклична форма;
- вокално музичко дело (за хор, соло песна или вокално-инструментална композиција);
- музичко дело, форма по избор.

Во областа на популарната музика:
- вокална композиција со клавирска придружба;
- вокална композиција со придружба на оркестар;
- инструментална композиција слободна форма.

Композициите е пожелно да бидат во сопствен аранжман.
 
Во областа на музикологијата:
- музиколошки труд од поголем обем или музички есеи, осврти, прилози и критики.
 
Член 12

Вонредниот член може да стекне својство на редовен член ако ги исплони условите кои се предвидени за прием на редовен член.
Одлука дека се исполнети  условите за прием во својство на редовен член донесува Претседателството, а Собранието истата ја потврдува.
На вонредниот член кој во рок од три години од денот на зачленувањето не ги исполни условите за редовен член му престанува членството во СОКОМ.

Тела на СОКОМ

Членови на Претседателство:

1. Марко Коловски

2. Јана Андреевска

3. Бранка Костиќ-Марковиќ

4. Роберт Саздов

5. Валентина Велковска-Трајановска

6. Кокан Димушевски

повеќе

Како се станува член

Зачленувањето во Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ е утврдено со Статутот на СОКОМ. Во прилог се извадоци од Статутот со кои се утврдуваат критериумите за членство во СОКОМ...

повеќе

Награди на СОКОМ

Традиционално, секоја година СОКОМ доделува три награди: награда за животно дело, за најдобра премиерна изведба на дело од македонски автор и за најдобра изведба на дело од македонски автор.

Претседатели на Сојузот на композиторите на Македонија

1947 - Петре Богданов Кочко
1950 - Тодор Скаловски
1951 - Трајко Прокопиев
1952 - Тодор Скаловски
1953 - Трајко Прокопиев
1955 - Тодор Скаловски

повеќе