Формиран камерниот ансамбл на СОКОМ

Сојузот композиторите на Македонија (СОКОМ) го формираше составот на камерниот ансамбл за современа музика „КонТемпора“ со 20 музички уметници. Изборот на  уметниците е направен, пред се, врз основа на нивното искуство во изведување на современо музичко творештво. Составот е следен:

Катерина Бачевска (флејта)

Владимир Лазаревски (обоа)

Игор Иванов (кларинет)

Марјан Милошевски (фагот)

Нинослав Димов (саксофон)

Горан Јанев (хорна)

Јордан Колевски (труба)

Димче Белчовски (тромбон)

Влатко Ѓорѓиевски, Зоран Спасовски (перкусии)

Владимир Чадиковски (гитара)

Весна Станојевска (харфа)

Марија Вршкова, Ана Гацева (пијано)

Владимир Костов, Симон Поповски (виолина)

Бојан Талески (виола)

Паскал Краповски, Александар Котевски (виолончело)

Петруш Петрушевски (контрабас)

 

Проект менаџер на ансамблот е Бојана Петровиќ Алексова, а членови на програмскиот одбор се Панде Шахов, Бојана Петровиќ Алексова и Сони Петровски.