Рецензија: Слушнавме премиери на дела на седум композиторки од Балканот

(Кон концертот на гудачкиот квартет „Антарја“ од Полска на „Деновите на македонска музика“)

Ангелина Димоска

Де­ла на се­дум ком­по­зи­тор­ки од Бал­ка­нот, од кои по­ве­ќе­то беа пре­ми­ер­ни из­вед­би, проз­ву­чи­ја на са­бот­ни­от кон­церт во Му­зе­јот на гра­дот Скоп­је во рам­ки­те на фе­сти­ва­лот „Де­но­ви на ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка“. Ре­тки се кон­цер­ти­те што има­ат ва­ква ро­до­ва ди­стинк­ци­ја и иск­лу­чи­во се по­све­те­ни на из­вед­ба на де­ла од ком­по­зи­тор­ки, и тоа не са­мо ма­ке­дон­ски ту­ку од Бал­ка­нот. Ток­му за­тоа, овој кон­церт да­де од­лич­на мож­ност да се на­пра­ви пре­сек и да се изв­ле­че не­ка­ков суб­ли­мат од тен­ден­ци­и­те и стру­и­те што бал­кан­ски­те ком­по­зи­тор­ки ги ин­кор­по­ри­ра­ат во сво­јот опус. Ин­те­рес­но бе­ше што из­бо­рот на де­ла­та што ги чув­ме ве­ро­јат­но бил на­пра­вен врз прин­ци­пот на слич­ни есте­ти­ки и автор­ски перс­пе­кти­ви за­што ре­чи­си си­те ком­по­зи­ции имаа слич­на тек­сту­ра и ко­ло­рит. Мо­же­би из­бо­рот на ме­ди­у­мот - глав­но чув­ме квар­те­ти во из­вед­ба на пол­ски­от ан­самбл „Ан­тар­ја“ - бе­ше ед­на од при­чи­ни­те за слич­но­ста во естет­ски­от израз и ком­по­зи­тор­ски­те тех­ни­ки.

Кон­цер­тот поч­на со из­вед­ба на ком­по­зи­ци­ја­та „Со­кол ли сум, бу­ра или бе­скрај­на пес­на“ од ма­ке­дон­ска­та ком­по­зи­тор­ка Ја­на Ан­дре­ев­ска, ори­ги­нал­но соз­да­де­на за квар­тет са­ксо­фо­ни во 2006 го­ди­на. Ова де­ло на Ан­дре­ев­ска, кое до­жи­веа го­лем број из­вед­би во зем­ја­ва, но и во странс­тво, ро­ти­ра око­лу ми­ни­ма­лиз­мот и из­гра­де­но е на прин­ци­пот на соз­да­ва­ње ехо, а ин­стру­мен­ти­те ме­ѓу­себ­но ко­му­ни­ци­ра­ат пре­ку сво­е­вид­ни му­зич­ки пра­ша­ња и од­го­во­ри што фраг­мен­ти­ра­но ја гра­дат му­зич­ка­та со­др­жи­на. Ста­ну­ва збор за мош­не отво­ре­на ком­по­зи­ци­ја, ина­ку инс­пи­ри­ра­на од фас­ци­нант­ни­те сти­хо­ви од „Кни­га на ча­со­ви“ од поз­на­ти­от ав­стри­ски по­ет Рај­нер Ма­ри­ја Рил­ке. Во де­ло­то суп­тил­но се вмет­на­ти и фраг­мен­ти од пр­ви­от став на Со­на­та­та за ви­о­ли­на бр. 3 во Ц-дур од Јо­хан Се­ба­сти­јан Бах. Иск­лу­чи­тел­ни­те му­зи­ча­ри од ан­самб­лот „Ан­тар­ја“, кои ова де­ло ве­ќе го има­ат из­ве­де­но во Ви­е­на и во Љуб­ља­на, од­лич­но про­ник­наа во стру­кту­ра­та и есте­ти­ка­та на ова де­ло.

По ком­по­зи­ци­ја­та на Ан­дре­ев­ска, ан­самб­лот „Ан­тар­ја“ го из­ве­де де­ло­то „Утрин­ски хар­мо­нии“ од хр­ват­ска­та ком­по­зи­тор­ка Сан­да Ма­ју­рец, де­ли­кат­на ком­по­зи­ци­ја што, ка­ко што су­ге­ри­ра и нас­ло­вот, бе­ше из­гра­де­на од раз­лич­ни хар­мон­ски стру­кту­ри, кои не беа ин­те­гри­ра­ни во ед­на це­ли­на, ту­ку фраг­мен­ти­ра­но и ка­ко се­квен­ци ро­ти­раа око­лу оска­та на де­ло­то.

„Сту­де­ни­те пр­сти на дож­дот“ на сло­ве­неч­ка­та ком­по­зи­тор­ка Ур­шка Пом­пе е де­ло во кое автор­ка­та му­зич­ки го отс­ли­ку­ва дож­дот, љу­бо­пит­но откри­вај­ќи ги си­те не­го­ви бои и рит­мич­ки пул­си­ра­ња во при­ро­да­та. Де­ло­то се дви­же­ше по стру­ктур­но не­о­дре­де­ни ма­три­ци и па­ти­шта во кон­текст на со­др­жи­на­та од ко­ја е инс­пи­ри­ра­но - не­пред­вид­ли­во­ста на дож­дов­ни­те кап­ки се реф­ле­кти­ра во ја­дро­то на оваа ком­по­зи­ци­ја. Три­о­то од „Ан­тар­ја“ про­ник­ли­во ја до­ло­ви не­пред­вид­ли­ва­та му­зич­ка стру­кту­ра на ова де­ло.

Пр­ви­от дел од кон­цер­тот го за­о­кру­жи из­вед­ба­та на ком­по­зи­ци­ја­та „Стринкс“ на хр­ват­ска­та ком­по­зи­тор­ка Ла­у­ра Мје­да Чу­пер­ја­ни, уште ед­но де­ло со отво­ре­на и фраг­мен­тар­на стру­кту­ра из­гра­де­но на прин­ци­пот пра­ша­ње и од­го­вор. Ин­те­рес­но бе­ше што де­ла­та, кои ги чув­ме во пр­ви­от дел од кон­цер­тот, има­ат мно­гу слич­на стру­кту­ра, а отво­ре­ни­от кон­цепт бе­ше прин­ци­пот по кој се во­де­ле авто­ри­те ко­га ги пи­шу­ва­ле.

Во вто­ри­от дел од кон­цер­тот чув­ме три де­ла што имаа по­јас­но де­тер­ми­ни­ра­на стру­кту­ра, беа ме­ло­ди­ски, хар­мон­ски и рит­мич­ки по­раз­ви­е­ни и со по­бо­га­та звуч­ност. Есте­ти­ка­та во овие де­ла бе­ше де­лум­но по­и­на­ква од оние што ги чув­ме во пр­ви­от дел од кон­цер­тот, по­себ­но во ком­по­зи­ци­и­те „Сви­ри го Стринд­берг“ од срп­ска­та ком­по­зи­тор­ка Ива­на Сте­фа­но­виќ и „По­лом­ка квар­тет“ од Иси­до­ра Же­бе­љан.

Де­ло­то на Сте­фа­но­виќ е инс­пи­ри­ра­но од драм­ски­от текст „Та­тко“ на Стринд­берг и не­го­ва­та кре­а­тив­на има­ги­на­ци­ја е пот­тик­на­та од чув­ства­та и трет­ма­нот на ти­ши­на­та ка­ко комп­лекс­на ка­те­го­ри­ја. Сте­фа­но­виќ ти­ши­на­та ја ко­ри­сти ка­ко пој­дов­на му­зич­ка дра­ма­тур­ги­ја во об­ли­ку­ва­ње­то на квар­те­тот, отс­ли­ку­вај­ќи ги пре­ку неа ла­тент­ни­от конф­ликт, ан­кси­оз­но­ста и оче­ку­ва­ња­та на ка­ра­кте­ри­те во оваа дра­ма од Стринд­берг.

„По­лом­ка квар­тет“ од Иси­до­ра Же­бе­љан има кон­та­кти со ме­ло­ди­ска­та и со рит­мич­ка­та стру­кту­ра на срп­ска­та тра­ди­ци­о­нал­на му­зи­ка ис­преп­ле­те­на со мо­дер­ни соз­вуч­ја и прин­ци­пи на ком­по­ни­ра­ње во кои мо­же­ше да се по­чув­ству­ва и ла­тент­на инс­пи­ра­ци­ја од тво­реш­тво­то на Бе­ла Бар­ток.

Во вто­ри­от дел од кон­цер­тот ја чув­ме и ком­по­зи­ци­ја­та „Пре­о­бра­зу­ва­ње“ од ма­ке­дон­ска­та ком­по­зи­тор­ка Ва­лен­ти­на Вел­ков­ска-Тра­ја­нов­ска соз­да­де­но за вре­ме на еден пре­стој на ком­по­зи­тор­ка­та во Анг­ли­ја. Де­ло­то му е по­све­те­но на ком­по­зи­то­рот Дми­триј Шо­ста­ко­вич. Ка­ко што су­ге­ри­ра и са­ми­от нас­лов, де­ло­то му­зич­ки ги отс­ли­ку­ва про­ме­ни­те и транс­фор­ма­ци­и­те на чо­ве­кот што се стре­ми кон по­ви­со­ко ни­во на по­сто­е­ње. Ста­ну­ва збор за де­ло со кон­темп­ла­тив­на со­др­жи­на во кое гла­вен збор има кре­и­ра­ње­то ат­мо­сфе­ра пре­ку де­ли­кат­но од­бра­ни зву­ци и бои. Оваа ком­по­зи­ци­ја на Вел­ков­ска е по­ве­ќе­па­ти из­ве­де­на во Ма­ке­до­ни­ја, Анг­ли­ја, Че­шка, Ав­стри­ја...

Пол­ски­от ан­самбл „Ан­тар­ја“ по­све­те­но, со де­сти­ли­ра­но чув­ство за из­вед­ба ги от­сви­ри де­ла­та на бал­кан­ски­те ком­по­зи­тор­ки. Сви­реа со мно­гу емо­ции и из­гра­де­но чув­ство за де­те­кти­ра­ње на со­вре­ме­на­та му­зич­ка есте­ти­ка, ко­ја ба­ра по­и­на­ков при­стап и пер­фор­ман­си од из­ве­ду­ва­чи­те.

Кон­цер­тот е дел од про­е­ктот „Же­ни-ком­по­зи­то­ри од про­сто­ри­те на би­вша Ју­гос­ла­ви­ја“ на Ин­сти­ту­тот за ка­мер­на, ра­на и со­вре­ме­на му­зи­ка „Јо­зеф Хајдн“ и на Ка­те­дра­та за му­зи­ко­ло­ги­ја при Уни­вер­зи­те­тот за му­зи­ка и из­ве­ду­вач­ки умет­но­сти во Ви­е­на, ре­а­ли­зи­ран под ра­ко­водс­тво на проф. Ви­да Ву­јиќ. Про­е­ктот оп­фа­ќа кон­цер­ти, ра­бо­тил­ни­ци, пре­да­ва­ња и ди­ску­сии на те­ми за по­лож­ба­та и уло­га­та на же­ни­те-ком­по­зи­то­ри од по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски ре­пуб­ли­ки.
Про­гра­ма­та со ко­ја овој ан­самбл на­ста­пи на „Де­но­ви­те на ма­ке­дон­ска му­зи­ка“ до­жи­веа не­кол­ку­крат­ни из­вед­би во Ви­е­на и во Љуб­ља­на, а на­е­сен сле­ду­ва­ат на­ста­пи и во Бел­град и во За­греб