Отворен повик за членови на ансамблот за современа музика КонТемпора

Сојузот на композиторите на Македонија објавува ОТВОРЕН ПОВИК за членови на ансамблот за современа музика „КонТемпора“.

Ансамблот „КонТемпора“ е формиран со цел да изведува и промовира нови дела од македонските автори, камерен состав кој делува исклучиво на полето на современата музика, премиерно изведувајќи дела на македонски композитори, но и на автори од различни делови на светот.

Согласно Правилникот за работа на ансамблот „КонТемпора“, членовите на ансамблот се избираат по пат на јавен конкурс за период од 2 години, со право на повторен избор.

1. За повторен избор членовите треба само да го потврдат своето учество во ансамблот.

2. За нов избор кандидатите треба да ја пополнат Пријавата и да достават кратка биографија.

Рок за поднесување на пријавите е 15.07.2017 година на е-мејл адресата sokom@sokom.mk

Повикот е за следните инструменти – изведувачи:флејта, кларинет, саксофон, обоа, фагот, хорна, труба, тромбон, ударни инструменти, гитара, харфа, пијано, виолина, виола, виолончело, контрабас

Пријавата можете да ја симнете од следниот линк.