Концерт на македонска акузматична музика на 39-тиот Фестивал за современа музика во Линебург

Во рамките на 39-тиот меѓународен фестивал и семинар за современа и електронска музика што од 21 до 27 мај ќе се одржи во германскиот град Линебург, на 23 мај со почеток во 19 часот ќе се одржи концерт на акузматична музика од македонски автори. Концертот е реализиран во соработка со Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ и со фестивалот „Денови на македонска музика“, односно со уметничкиот раководител, проф. Јана Андреевска, а на него ќе се изведат акузматични композиции од авторите Влатко Георгиев, Кокан Димушевски и Дарија Андовска.

39-тиот Меѓународен фестивал и семинар за современа музика во Линебург е предводен од професорите Хелмут В. Ердман и Клаус Дитер Мајер-Кибранц. Новите тенденции во современата музика ќе бидат претставени на концерти, семинари и работилници, чиј фокус е проширување на звучните можности на гласот/инструментот со помош на електронските медиуми. Композиторите, музичките научници, изведувачите и слушателите во рамките на фестивалската недела ќе имаат можност да го откријат фасцинантниот свет на звукот на новата музика денес.

Комплетната програма на фестивалот и семинарот можете да ја погледнете на следниот линк.