ЈАНЕВ Горан

Горан Јанев (Гевгелија, 1977) дипломира хорна на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Универзитетот „Франц Лист“ во Вајмар, Германија. Од 1997 година работи како хорнист во Оркестарот на МОБ, а бил член и на Turingerm Simfoniker од Залфелд, Германија, како на оркестарот на Летната академија од Сиена, Италија. Како член на камерни ансамбли настапувал во Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Словенија, Австрија, Германија и Италија.