ЧАДИКОВСКИ Владимир

 

Владимир Чадиковски (Скопје, 1982) дипломира класична гитара на Факултетот за музичка уметност во Скопје (класа проф. Тања Јанкова). Работи како професор по гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Бил дел од неколку рок состави, а настапувал и со македонски поп пејачи, со кои реализирал над 1000 свирки во Македонија и регионот. Во неговата биографија се забележани настапи на манифестациите „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Тенори на 21. Век“, концерти со Биг бендот на Македонската радио телевизија, а реализирал и солистички рецитали и настапи со гитарско трио.