ХАЏИМАНОВ Васил

Васил Хаџиманов е личност чија дејност била поврзана со развојот на етномузикологијата ва Македонија. Освен што бил познат како пасиониран истражувач кој постојано бил во потрага на националното музичко богатство на Македонија, тој бил и колекционер на околу 8.000 македонски народни песни и ора, од кои 5.000 биле средени во зборници, а 700 од нив биле албански.

После основното образование во родниот град, учи во Гимназија во Велес и Скопје, а подоцна студира на Правниот и Филозофскиот факултет во Белград. Во 1935 година магистрира фармација во Загреб. Дотогаш неколкупати ја посетувал музичката школа во Белград но, и покрај големата желба, не успеал да ја заврши. Сепак, во 1955 година дипломира на музичката група на Педагошката академија. Меѓу најзначајните негови дела спаѓаат Зборниците на македонски народни песни 1, 2, 3 и 4 и Зборникот на македонски борбени песни. Освен што бил заслужен за собирањето и пропагирањето на македонскиот фолклор, се интересирал и за неговите карактеристики, за што сведочат големиот број на реферати и научни студии. За својата дејност добил бројни признанија и награди, меѓу кои наградата на Владата на НР Македонија, а бил член и на здружението на етномузиколозите во Њујорк, како и Интернационалното здружение на музичките фолклористи во Лондон.

Date of Birth: 
1906
Date of Death: 
1969