ТАЛЕСКИ Бојан

Бојан Талески (Скопје, 1985) дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (класа проф. Фросина Балова). Добитник е на неколку награди на меѓународно и државно ниво по виола и камерна музика. Настапувал како солист со Македонската филхармонија, Оркестарот на МОБ, Камерниот гудачки оркестар на ФМУ – Скопје. Земал учество во проектите на неколку европски оркестри, меѓу кои Wiener Jeunesse Orchester, Young Musicians International Symphony Orchestra (водач), Bridges of Future, Young European String Orchestra (водач), Jeunesess musicales Macedonia (водач). Работи како виолист во Оркестарот на МОБ, а истовремено е активен член на неколку камерни состави, и е водич на секција виоли на оркестарот F.A.M.E.S. при Македонската радио телевизија. Талески настапувал на бројни фестивали во Македонија и надвор од нејзините граници.