СТОЈКОВА-СЕРАФИМОВСКА Велика

Дата и место на раѓање

18.04.1973, Скопје, Р. Македонија

Образование

Доктор по етномузикологија, УКИМ Св. Кирил и Методиј, Скопје

Магистерски студии по етномузикологија на Факултетот за Музичка Уметност во Белград, Србија и Црна Гора.

Диплома по етномузикологија од Универзитет Св. Кирил и Методиј, Факултет за музичка уметност, оддел за етномузикологија и музичка теорија и педагогија

Работно искуство               

- Истражувач во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“

- 2008 - проект менаџер на меѓународна манифестација “Струшка музишка есен“ во организација на СОКОМ и Прв симпозиум на Студиска Група при ICTM за музиката и танцот во југоисточна Европа.

-  април 2007 до 2013 – Маркетинг соработник и референт за меѓународни односи во НУ Драмски театар - Скопје

- 2007,- Проект менаџер - Меѓународна конференција “Балканот како музички крстопат”, Струга, Р. Македонија, СОКОМ

- 2005/06, 2006/07 -  хонорарно ангажирана како асистент на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје по предметот Етномузикологија.

- 2005/2007 -  Основач и раководител на вокално инструменталниот етно состав “Бистри води“ кој изведува изворни вокални и вокално- инструментални македонски народни песни. Досегашни одржани самостојни целовечерни концерти во Виена, Љубљана, Струга, Москва, Панчево, Скопје, Велес.

- 2004 музички соработник во дневниот весник ДНЕВНИК, објавени рецензии за концертите на Македонска Филхармонија во истиот период.

- Од 2001 до 2007 година - Етномузиколог во Ансамблот за народни игри и песни на Македонија “Танец”, Скопје

- Од 2004 до 2007 – раководител на вокалната група при Ансамблот “Танец” со акцент на ревитализација и реконструкција на вокалната техника на рустикалното селско македонско пеење.

- Тимска работа на неколку мултимедијални проекти од областа на уметноста

- Сценарио за резализирани проекти: сценарио за документарен филм “Свадба”, 2005; сценарио, подготовка и реализација на  концертите  на Ансамбл “Танец“ во рамките на манифестацијата Денови на Македонска Музика  - “Бистри води“, 2003 “Изнедрени звуци“, 2004; “За здравје и бериќет“ -  етнокореодрама, 2005;

- Дел од тимот за подготвување на материјалот за заштита на орото Тешкото;

- Реконструкција на изворни ора “Женско чамче”, “Копачка”, “К’лцнога” 

- 1999 -  2000 -  Професор по музичка уметност во “Американско Интернационално Училиште” во Скопје

- 1998 -  2002 година - Професор по музичка уметност во ПСУ “Јахја Кемал” во Скопје

- 1997 соработник во музичка редакција на МРТВ,

- 1997 соработник во редакција за народна музика во Македонско Радио.

Теренско искуство 

Од 1992 година реализирала бројни теренски истражувања воРадовиш и Радовишко, Малешевија, Делчевско, Мариово, Реканскиот регион - Горна Река, Долна Река, Горна Жупа, Дебар, Тетовско, Велешко

Меѓународни активнсти

-           Претседател на Студиската група при ICTM - Музиката и Танцот во Југоисточна Европа

-           Селектор на манифестацијата ”Струшка Музичка Есен” - СОКОМ

-           Член на Форум за Духовно културно наследство на Југоситочна европа - УНЕСКО

-           Член на Балканскиот Музички Форум (БМФ) и претставник на Македонија во Балканската Етномузиколошка Секција (БЕС)

-           Официјален офицер за врски на единствената светска организација ICTM (Интернационален Совет за Традиционална Музика) за Р. Македонија

-           Член на студиска група при ICTM “Музика и малцинства”

-           Член на БМИН (Балканска музикчка информациона мрежа)

-           Член на СОКОМ (Сојуз на композиторите на Македонија)

Во текот на изминатите години има активна соработка со повеќе професори Етномузиколози од светски Универзитети UCLA Los Angeles – Prof. Elsie Dunin, Columbia University New York – Prof. Dr. Dieter Christensen,  Берлинскиот фоноархив - Dr. Sussana Zeiegler, Факултет за музичка уметност, катедра по Етномузикологија во Белград СР Југославија - Проф. Др. Димитрије Големовиќ и Факултет за музичка уметност  - Љубљана Р. Словенија - Проф. Др. Сванибор Петтан, Институт за музика и изведувачки уметности, оддел за Етномузикологија во Виена, Австрија - Проф Др. Урсула Хеметек, Проф. Др. Ардијан Ахмедаја, Факултет за музичка уметност, Тирана, Албанија - Проф. Др. Сокол Шупо, Бугарија - Проф. Др. Димитрина Кауфман, Др. Лозанка Пејчева, и многу други. Досегашните учества на Интернационални симпозиуми и конференции допринесоа за остварување на контакти и врски со светски организации, учество и покани во проекти од областа на фолклорот, како и успешно презентирање на Македонското музичко фолклорно богатство ширум светот.

Date of Birth: 
1973