СТАНОЈЕВСКА Весна

Весна Станојевска (Скопје, 1981) дипломира харфа на Факултетот за музичка уметност во Скопје (класа проф. Лејла Урманова). Добитник е на неколку награди за харфа и камерна музика на Државните натпревари во Скопје. Од 2003 година работи како харфист – солист во Оркестарот на Македонската опера и балет, а хонорарно соработува и со Македонската филхармонија и работи како професор во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Член е на Францускиот оркестар “L’art L’part” со кој снима филмска музика за светскиот пазар. Остварила повеќе настапи во Македонија и странство, меѓу кои концерт на фестивалот „Охридско лето“ со камерниот состав Syrinx, концерт со сопранистката Милена Арсовска во Македонскиот културен центар во Њујорк, на фестивалот „Денови на македонска музика“, како камерен музичар со Минхенскиот камерен оркестар, како солист со оркестарот на Косовската филхармонија. Во 2007 година снима соло делници од холивудскиот композитор Rian Shore за играниот филм „Сенки“ на режисерот Милчо Манчевски, во кој ја толкува и главната женска улога. Учествувала во реализацијата на музиката за повеќе други филмови. Во моментов Станојевска е на магистерски студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје (класа проф. Весела Желева од Бугарија).