СИМОНОСКИ Гоце

Гоце Симоновски е роден во 1984 година во Тетово. Првиот допир со музиката започнува во 1996 година, посетувајќи приватни часови по гитара. Во периодот од 1999-2003 година е дел од наставата на Музичко - балетскиот училишен центар: Илија Николовски - Луј. Во меѓувреме посетува приватни часови по композиција кај композиторот Гоце Коларовски. Во 2003 година се запишува на студии на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје, на одделот по композиција, во класата на проф. м-р Гоце Коларовски. Моментално е студент на вториот циклус на студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје. Со авторски дела има учествувано повеќе пати на културниот настан Денови на Македонска музика, Охридско лето, Есенски музички свечености, како и изведување на делата на концерти низ Македонија и соседството (Албанија, Србија, Бугарија).

Date of Birth: 
1984