САЗДОВ Роберт

Музичкото образование го стекнува главно во странство. Завршува Bachelor Музика (Music Education) (1991) и магистратура по Музика во музичката технологија, музичката едукација и мултимедијалнoто програмирање (1993). Двете на Sydney Conservatorium of Music, University of Sydney. Во 2008 година докторира психологија на MARCS Институтот на Универзитетот „University of Western“ во Сиднеј. Освен ова Саздов има дополнителни дипломи во пијано (1985) и по аудио инженерство. (1992). Има добиено награди и признанија од разни организации и институции, вклучувајќи ги: „Pierre Schaeffer“ Competition, Musica Nova Competition, Bourges International Competition, Just Plain Folks Music Awards и Audio Engineering Society. Неговата музика беше издадена од Capstone Records, Vox Novus, Accademia Musicale Pescarese, Society for Electroacoustic Music, Australasian Computer Music Association, и SoundLab Channel.

Во своето творештво Саздов се потпира главно врз музичките жанрови и стилови на 20 и 21 век. Има добиено меѓународни признанија за својата aкузматична концертна музика, особено за неговите мулти-канални дела. Саздов, исто така, создава видео и мултимедијални дела, музика за театар, филм и нови медиуми, како и музика за ансамбл или инструмент и жива електроника, лаптоп оркестри и разни мултидисциплинарни дела. Неговите композиции се изведени на разни фестивали и концерти во Канада, Кина, Чешка, Франција, Германија, Велика Британија, Ирска, Македонија, Нов Зеланд, Романија, Јужна Америка, Шведска, САД, и Австралија. Тука влегуваат и: XI and Complexity – Beijing (2004), 60×60 – New York City (2004), ‘NeoTraditional’ Mакедонска музика, Радовиш (2005), Aurora Festival – Sydney (2006), Live Wires – Sydney (2006), Cycle de Concerts de Musique par Ordinateur de l’Université VIII – Paris (2007), re:sound Festival – Copenhagen (2009), Soundings – Limerick (2009), Immersive Cinema of the Ear – Montréal (2009), како и ICMC (2007; 2009; 2012; 2013), ACMC (2003 – 2007), NIME (2009; 2010) ДММ (2012; 2013). Исто така, музиката на Саздов е презентирана на разни електроакустични и нови музички радиопрограми во Мексико, САД, Ирска, Нов Зеланд и Австралијa.

 

Саздов е член на International Computer Music Association (ICMA), Electroacoustic Music Studies Network (EMS,) Audio Engineering Society (AES), Irish Sound, Science and Technology Association (ISSTA), и Australian Computer Music Association (ACMA), каде што тој беше во извршниот одбор меѓу 2003-2007 г. Во 2013 година, тој е ко-основач и е моментално претседател на Македонска асоцијација за електроакустична музика (МЕМА). Во 2008, Саздов беше поканет да биде селектор на ЦД, издадено од Australasian Computer Music Association од австралиските композитори, насловен како “Unfenced”. Меѓу 2009-2010 г. Саздов беше селектор на „Soundings Festival“, во Ирска и беше координатор и член на жири на „Diffusion“ наградата - International Composition Competition 2010 за RTÉ Ireland. Тој неодамна беше селектор на првиот Vox Novus 60x60 „Europe Mix“ (2012). Саздов престојуваше во Erich-Thienhaus-Institue, Detmold University (2012) компонирајќи на нивните WFS системи. Тој има добиено нарачка од Fraunfoher Institute (IIS) (2012), за компонирање на тридимензионален мулти-канален состав.

Роберт Саздов има големо педагошко искуство во предавање  дисциплини на музичката технологија, композицијата, музичката продукција, аудиоинженерството, психоакустиката, етномузикологијата и популарната музика. Во 2002 година ја основаше и ја координираше Bachelor of Music (Creative Technologies) на програмата на Western Australian Academy of Performing Arts – Edith Cowan University. Во 1997 година ја основа и беше на чело на Contemporary Music Centre на Western Sydney Institute. Исто така има предавано на University of Western Sydney (UWS), Australian Institute of Music, SAE Technology Institute, the University of New South Wales, и Sydney Conservatorium of Music – University of Sydney. Меѓу 2008-2013 г. тој беше професор и директор на Spatial Audio Research Group во Digital Media and Arts Research Centre (DMARC) - University of Limerick.

Моменталните истражувања на Саздов се фокусираат врз перцепцијата на мулти-канален опкружувачки звук и формулирање на компонирачки пристапи за мулти-канални конфигурации во кои се вклучени прикачени звучници. Неговите истражувања се објавени од  ACMC (2006), AES (2007), EMS (2007; 2011), HCS (2005), ICMC (2009; 2011; 2013), ICSA (2011; 2014), Musiques & Recherches (2011) и SAN (2007). Саздов беше поканет да презентира на Psychophysics Lab - Cambridge University (2007), University of Sydney (2005), Sonic Arts Research Centre – Queens University (2007), Erich-Thienhaus-Institue, Detmold University (2012) и Fraunhofer ISS, Erlangen (2014).

Композициите на Саздов во голема мера се инспирирани од македонската традиционална и црковна музика. Саздов се насочува кон современите технологии и методи на компонирање секогаш користејќи го она што е негов однос како „секуларно и свето генетско музичко наследство“ во своите композиции. Овој пристап го има во меѓународната наградена композиција „Богородица 28,08“ (2005), каде што успешно ги комбинира соничните манипулации на македонските традиционални инструменти и глас, заедно со македонското црковно пеење. Составот е пример за она што Саздов го нарекува „нео-традиционална“ македонска музика, и го доловува религиозното значење на композицијата додека јасно се презентира македонскиот глас.

 

ТВОРЕШТВО

 

АКУЗМАТИЧНА МУЗИКА

The Disappering Village, - за 22.2, (2012); Благовештение 07.04, - за 16 канали, (2013); Планино, - за 4 канали, (1999); Tribute, (2003); Есенска месечина,(2004); The Diseptive Moon, (2004); „Од Солуна до Тетово“,(2004); Cabota, - за 8 канали, (2004); Богородица 28.08, - за , (2005); W.A.R., - за , (2005); Тетово:2001, - за , (2005); Voices from the Stone, - за 8 канали, (2006); Let All Mortal Voices Remain Silent, - за 8-channel, (2006); Дева 21.09, - за 16 канали, (2007); Свети Климент, - за 44 канали, (2007); Три, - за 8 канали, (2009); Ветровите од Кокино, - за 16 канали, (2011); Dreams of the Jailed Dancer, - за 16 канали/4 канали, (2011); Ancient Meditations No.1, - за 16 канали/8 канали, (2012); Drumming , - за WFS, (2012); Untitled No.1, - за WFS, (2012);

 

МУЛТИМЕДИЈАЛНО

Поглед назад, - за жива електроника и видео, (1991); Paper with numbers on it, - за рецитатор, солисти, електроника и видео, (1991); Краски Крст, - за флејта, жива електроника и видео, (1997); Го нема Илија, - за жива електроника и видео, (2003); Молитва, - за 4 канали, (2009); Mani, - за 4 канали, (2010); „The Call Themselves Macedonian“, - за 8-channel and Multi-channel Video, (2013);

 

ХОРСКО

Вокална кантата „Псалми“, - за мешан, детски хор и солисти, (2007);

 

ЗВУЧНА ИНСТАЛАЦИЈА

„Месечино“,(2004);

 

МУЗИКА ЗА ТЕАТАР

Foreign Workers, (1997);

 

Марко Коловски

 

 

Date of Birth: 
1969