ПРОКОПИЕВА Дојрана

Дојрана Прокопиева дипломира и магистрира на одделот за музикологија на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. д-р Димитрије Бужаровски. Во текот на студиите е добитник на повеќе стипендии и награди од државните натпревари по музика. Во 2007 година ја добива наградата „Томислав Зографски“, од Фондацијата „Томислав Зографски“ за најдобар студент од одделите за композицијата, музикологија, етномузикологија, диригирање и МТП. Учествувала на повеќе семинари и музички школи во Хрватска, Франција, Велика Британија и Македонија. Во периодот од 2002 до 2008 година е соработник на Институтот за истражување и архивирање музика ИРАМ при ФМУ во дејноста на дигиталното архивирање на музика, изработка на научни бази на податоци, подготовка, снимање (аудио и видео) и монтажа (аудио и видео) на концерти, како и реализација на емисии на студентското интернет радио). Со свои трудови се претставила на конференции во Македонија, Швајцарија, Франција, Хрватска и Велика Британија.  Прокопиева е уредник на компакт дисковите во издание на СОКОМ: „100 години Прокопиев“ и „Македонска филмска музика“. Од 2002 година е соработник на Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ како проект менаџер и уредник на веб страницата на Асоцијацијата (www.sokom.mk). Нејзините трудови, анализи, текстови и рецензии се објавувани од страна на ИРАМ, Центарот за музикологија - ЦЕМ, списанијата „Кинопис“, „Музика“ и „Театарски гласник“. Во 2012 година е ангажирана како музички критичар и рецензент во дневниот весник „Дневник“. Од 2012 до 2016 година работи како проект менаџер во установата за уметнички дејности „Скопски џез фестивал“. Од 2016 година живее во Љубљана, Словенија, каде во моментот ги завршува постдипломските студии од областа на култорологијата - културна анализа и теорија, на Факултетот за општествени науки при Универзитетот во Љубљана и работи во невладината институција Zavod Druga godba Ljubljana како менаџер на продукција и координатор на фестивалот Druga godba. 

 

Member Type: