ПОПОВСКИ Симон

Симон Поповски (Битола, 1991) студиите по виолина ги започнува во учебната 2009/2010 на Факултетот за музичка уметност во Скопје (класа на проф. Олег Кондратенко). Посетува семинари кај Џошуа Бел, Павел Верников, Сихана Бадивуку, Олег Кондратенко, Сузан Гилмор. Добитник е на повеќе први и специјални награди на државни и меѓународни натпревари по виолина, камерна музика и солфеж. Настапувал како солист со Македонската филхармонија, Оркестарот на Музичка младина на Македонија, Симфонискиот и камерен оркестар на ФМУ, како и на фестивали во Македонија, Србија, Хрватска, Романија, САД и други. Во неговите сегашни проекти се вбројуваат настапи со Македонската филхармонија, оркестарот “FAMES” и гудачкиот квартет „Аксиос“.