ПЕТРУШЕВСКИ Петруш

Петруш Петрушевски (Скопје, 1986) дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (класа проф. Велко Тодевски) со одликување cum laude. На истата институција ги завршува и магистерските студии. Во текот на своето образование учествувал на речиси сите државни натпревари, како и на меѓународни натпревари во Чешка, Бугарија, Србија каде освоил многу први и специјални признанија. Како камерен музичар реализира повеќе концерти во Македонија и надвор од нејзините граници. Како солист настапил со Македонската филхармонија, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, Оркестарот на ФМУ, а одржал и солистички рецитали и во Србија, Косово, Чешка (Брно), Хрватска (Сплит, Хвар, Трогир), Интерфест – Битола, на фестивалот Златна лира, како и многубројни настапи на манифестации во Македонија. Петрушевски бил дел од неколку европски и светски оркестри, меѓу кои Jeunesses Moving Orchestra, No Borders, Young Euro Classic Orchestra (диригент Heinrich Schiff), Young Musicians International Symphony Orchestra (диригент Igor Coretti), Gustav Mahler Jugendorchester (диригент Philipe Jordan), Lucerne Festival Academy (диригент Pierre Boulez) со кои остварил бројни турнеи и концерти низ целиот свет. Петрушевски работи како доцент на ФМУ во Скопје, а моментално е на докторски студии по контрабас на истата институција.