ПАНДЕВСКА Ана

Ана Пандевска (1985) завршува нижо и средно музичко училиште во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. По завршувањето на средното образование заминува на двомесечен престој во САД, во Interlochen Arts Camp. По враќањето во Македонија, се запишува на студии по композиција на ФМУ во Скопје, најпрвин во класта на проф. Гоце Коларовски, а потоа и во класата на проф. Јана Андреевска, каде дипломира во 2010 година. По завршувањето на студиите една година е волонтер во ансамблот „Танец“. Моментално работи како професор по пијано во Credo School of Music во Скопје. Како долгогодишен член на повеќе хорски ансамбли, меѓу кои Пиколо, Св. Злата Мегленска и „Танец“, особен интерес на Пандевска е вокалната музика, фолклорот и џезот кои се инспирација за нејзините композиции. Соработувала и со уметници од други области, меѓу кои Ели Чочова (ликовна уметница, по повод перформансот во рамки на Биеналето за млади уметници во Скопје во 2009 година), како и со бендот Поган Паган, како вокалистка. Композициите на Пандевска се изведени во САД, Словенија, Србија и Македонија. Автор е на солистички, камерни, хорски и симфониски дела.

 

Date of Birth: 
1985