НУШЕВ Влатко

Влатко Нушев  дипломирал ударни инструменти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде и магистрирал во 2009 година. Настапувал на бројни концерти за време на своите студии во рамки на фестивалите „Музика Вива“, „Мајски оперски вечери”, „Скопско лето”, „Интерфест Битола”, „Денови на македонска музика“. Добитник е на бројни награди и признанија на меѓународни натпревари: Национален натпревар (2003), „Yamaha music foundation of Europe“ (2001), Награда „Д. Палиев - З.Финк” Р.Бугарија (2001), Специјална награда „Жан Бернар Бошан“ во Софија (2001), Меѓународен натпревар „ММД” Софија ансамбл „Сонант” (2001), XI меѓународен конкурс „Музиката и Земјата” Р. Бугарија ансамбл „Сонант” (2003), и многу други. Работи како перкусионист во Оркестарот на Македонската опера и балет.