НОВАКОВСКА Елени

Елени Новаковска (Охрид, 1971) дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на одделот за музикологија 1996 год. во класата на професор д-р Сотир Голабовски. Во 2005 година магистрира на истиот факултет на одделот за сонологија под менторство на професор д-р Димитрије Бужаровски. Од 1997 година работи во Збирката за музичка уметност при НУ-Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски” - Скопје, а од 2005 год. е раководител и на Националната ИСМН агенција. Учествувала во изготвување на Националната класификација на културно наследство на Република Македонија - автор на делот за библиотечни (музички ракописи, печатени партитури и штимови) и фонотечни добра. Ја изготвила и класификацијата на музички жанри и стилови за „Советот за радио дифузија” на РМ за поделба на специјализираните музички и музичко говорни радија, согласно жанрот на музиката која што ја изведуваат. Автор е на циклусот емисии за популаризација на хорската уметност во Скопје  (зедно со Татјана Златановска) емитувани на Радио „Равел” под наслов „Хорос искона, хор денес”. Од 1997 активно се занимава со музичка критика во дневниот и неделниот печат (Нова Македонија, Елфаско, Пулс, Форум, Културен живот, Дневник (2002/2003), а од 2003 година е рецензент на дневниот весник „Вест”.

 

Member Type: 
Date of Birth: 
1971