КРСТЕВСКИ Никола

Никола Крстевски (Неготино, 1993) е студент на трета година на одделот за композиција (класа доц. м-р Дарија Андовска). Во 2012 година учествува во работилницата за sound design и музика за филм во Скопје, а во 2013 година е дел и од првата официјална соработка помеѓу Факултетот за музичка уметност и Факултетот за драмска уметност, каде исто така, работел на музика за филм. Напишал солистички, хорски и камерни дела и е редовен учесник на фестивалот „Денови на македонска музика“. Во 2014-та година добива две награди на конкурсот за откуп на музички композиции од Министерството за култура на Република Македонија - прва награда во категорија за гудачки оркестар со композицијата “Dis:solving” и втора награда во категорија за хорски композиции со композицијата „Моли Бога о мне”.

 

 

Date of Birth: 
1993