КОЛОВСКИ Марко

Роден e на 25.11.1957 година во Струга. Средно музичко училиште завршил во Битола, а во 1977 година се запишал на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Студирал паралелено Музичка теорија и педагогија и Музикологија. Во 1981 година дипломира на МТП, а во 1983 година на одделот за Музикологија, во класата на Проф. Драгослав Ортаков. Постдипломски студии поетувал на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 1990 и 1991 година. Од 1985 година работи во музичката програма на Македонско радио. Во 1987 година стана Уредник на Редакцијата за класична музика, а од 1989 до 2000 година е Уредник на Музичката програма на Македонското радио. Сиве овие години пројавува значајна активност во Сојузот на компо­зиторите на Македонија. Повеќе наврати бил секретар, а еднаш и потпретсседател на СОКОМ. Во 1994 година ја доби наградата „Панче Пешев„ за најуспешно остварување во областа на музичкото творештво и музикологија, за книгата „Македонски композитори и музиколози„.  Од 1997 година е главен и одговорен уредник на списанието „Музика„. Во декември 2002 година е именуван за Директор на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија - Танец. Во периодот од 2007 до 2012 година е Претседател на Сојузот на композиторите на Македонија.

Движење во кариерата:

1982-1985 - наставник по музика во Струга

1985-1987 - Новинар во Редакцијата за сериозна музика на Третата програма на Радио Скопје

1987-1989 - Уредник на редакцијата за сериозна музика во Радио Скопје

1989-2000 - Уредник на Музичката програма на Радио Скопје (МРТ)

2000-2002 - Уредник на редакцијата за сериозна музика на Радио Скопје

2002-2004 - В.Д. Директор на НУ „Танец“

2004-2006 - Директор на НУ „Танец“

2006 -         Новинар во Македонското радио

Општествени и други функции:

1985 - примен во Сојузот на композиторите на Македониа

1987-1989; 1991-1993 - Секретар на Сојузот на компо­зиторите на Македонија

Од 1987 година постојан член на Претседателството на СОКОМ

2007 - 2012 година Претседател на Сојузот на композиторите на Македонија

1988 - 1990 - Претставник на СОКОМ во работните тела на Сојузот на композиторите на поранешна Југославија (член на Одборот за заштита на музичките права)

1989-1991 - Претставник на МРТ во телата на ЈРТ

1989-1990 - Претставник на ЈРТ во ОИРТ (Светска радио­ди­фузна унија паралелна на ЕБУ)

1993-1994 Член на програмската комисија на Охридско лето

Член на централните комисии за доделување на највисоките општествени награди „11 октомври“ и „Климент Охридски“ во неколку наврати

Член на жирија и на селекциони комисии на фестивалите „Фолк фест Валандово“, „Цветници“, „Скопски забавен фестивал“ и тн. во повеќе наврати

Низа други функции битни за развојот на македонската култура

Member Type: 
Date of Birth: 
1957