КОЛЕВСКИ Јордан

Јордан Колевски (1975) дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Образованието го продолжува на Conservatoire de Region de Montpellier (Франција) и Conservatoire National Superieur De Musique (Лион, Франција). Посетувал семинари за современа музика и џез во Франција и САД. Од 2006 година работи во Македонската филхармонија, а е водач на труби во оркестарот F.A.M.E.S. во Македонската радио телевизија. Соработувал со Танцовиот оркестар на Македонската-радио телевизија, трио „Кордети“, како солист со Skopje Ladies Orchestra  и други современи и џез состави (Циклоп барокен оркестар, Оркестар на Лион, Хармонија на Лион, бенд на Патрис Преикард, Камерен оркестар на Монпелие, Лос Мусикос (Франција)).