ИВАНОВА Тина

Тина Иванова е родена во 1976 година во Скопје. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот по музикологија во класата на проф. Сотир Голабовски. Работи во „Утрински весник“ од неговото формирање (1999), најпрвин како новинар и музички критичар во културната рубрика, а од 2007 до 2012 година и како нејзин уредник. Пред „Утрински весник“ работи како музички рецензент во Редакцијата за класична музика при Првата програма во Македонското радио и како музички водител во Музичкото радио „Канал 103“, паралелно и како новинар во Македонската информативна агенција. Досега има објавувано текстови во повеќе македонски списанија за култура. Учествувала со свои трудови и на музичко-научната манифестација „Струшка музичка есен“. Член е на Сојузот на композиторите на Македонија. Автор е на книгата „Документ 103“ која претставува публицистички труд за музичкото радио Канал 103, и за неа е добитник на престижната државна награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ во 2011 година. Автор е и на романот „Кругови“ (2013), во издание на „Или-Или“, за кој ја доби наградата „Урбан“ за промовирање на урбаната култура. Автор е и на монографијата „Михајло Николовски - нашиот Папа Франк“ посветена на животот и творештвото на македонскиот композитор Михајло Николовски, која неодамна беше објавена од страна на Центарот за музикологија - ЦЕМ.

 

Member Type: 
Date of Birth: 
1976