ЗДРАВКОВА-ЏЕПАРОСКА Соња

Соња Здравкова-Џепаровска дипломира на Државниот институт за театарска уметност ГИТИС, на отсекот за балетска педагогија со кореографија, каде се стекнува и со звањето магистер по убави уметности. Во 2003 години ги завршува магистерските студии по театрологија, со темата „Драматургијата на класичното балетско творештво“. Во 2010 година, Џепароска се стекнува со научниот степен Доктор по театролошки науки на Факултетот за драмски уметности во Скопје, со темата „Аспекти на перформативната кинестетика“. Во 2010 година е избрана за Доцент по група предмети на Катедрата за балетска педагогија при Факултетот за музичка уметност во Скопје. Била надворешен соработник на културните рубрики на „Пулс“, „Културен живот“, „Дневник“, „Нова Македонија“, „Блесок“, „Музика“, списанието „Образование“ (Бугарија“, „Орхестра“ (Србија) и други. Автор е на книгите „Карактерни игри“ (Магнат: 1998),„Дискурси на танцовата уметност на 20. век“ (Југореклам: 2001), „Балетска драматургија“ (ФДУ: 2003), „Историја и теорија на балетската уметност“ (МИ-АН: 2006) и „Аспекти на перформативната кинестетика“ (Југореклам: 2011). Здравкова-Џепароска се јавува како ко-автор на балетскиот дел од ЦД-изданието „Театарот на македонска почва“ во издание на ФДУ од Скопје, на балетскиот дел на „Мијановата општа и македонска енциклопедија“, во издание на МИ-АН. Таа е дел од истражувачкиот тим на книгата „Театарот на почвата на Македонија 20.век“ во издание на МАНУ во 2007 година. Учествувала во повеќе научно-истражувачки проекти, меѓу кои: 

  • „Театарот на македонска почва“, ФДУ, Скопје, 2002-2003
  • „Македонскиот театар во контекст на балканската театарска сфера“, Театролошки институт, ФДУ, Скопје 2003-2006
  • „Историјата на културата во Македонија “, темат „Театарот на почва на Македонија“, МАНУ, 2004-2007
  • „Екстракуликуларни активности во училишта со мешан етнички состав“, Европска агенција за реконструкција и развој, 2004-2006
  • Номад Академија реализаирана од Локомотива од Македонија; Фичо Балет,Словенија; Brain Store Project, Бугарија; STATION Service for Contemporary Dance, Србија; Tala Dance Center, Хрватска и Tanzelarija, Босна и Херцеговина, 2008-2010
  • „Македонско-хрватски врски“ ФДУ и Филозофскиот фаkултет од Загреб, Хрватска, 2010-2012

Меѓу публикуваните текстови и истражувања на Џепароска се:

  • „Жанровска структура на македонското балетско творештво“ во Прилози за историјата на македонскиот театар (2000), Прилеп: Театролошка библиотека
  • „Аспекти на балетското образование“ во Основното музичко образование и националната музичка култура: Состојба и Перспективи, (2001), Скопје: Факултет за музичка уметност, Филозофски факултет и Институт за педагогија
  • „Балетното обучение в Република Македония“ во Образование (2005), София: Образование
  • "Interkulturalisam and Dance" in Intercultural theatre(2005), Skopje: Faculty of Dramatic art
  • "Building cultural identity through theatrical dance form" in Theatre and Identity(2006), Skopje:Faculty of Dramatic art
  • „Македонскиот фолклор во делата на балканските кореографи“ (2007) во Македонски театар:балкански контекст, Скопје: ФДУ
  • „Мултимедијални танцови жанрови“ во Театарот на почвата на Македонија ХХ век (2007), Скопје: МАНУ
  • „Формирање и развој на современиот танцов театар “во Театарот на почвата на Македонија ХХ век (2007), Скопје: МАНУ
  • "Macedonian folk heritage in the ballet works" in The Balkan peninsula as a Musical Crossroad(2008), Skopje: SOKOM and BMIN
  • „From  Meta-Cultural to the personal“ in The Art of Dance (2008), ICC
  • „Современата македонската музика во корелација со современите македонски танцови текови“ во  Музика, 2010,Скопје:СОКОМ,
  • „Местото на хрватската кореографија во развојот на македонскиот танц“ во Makedonsko-hrvatske knjizevne, jezicne i kulturne veze (2011), Rijeka:Filozofski fakultet
  • „Македонските танцови идентификациски кодови“ во Спектар (2011), Скопје: Институт за македонска литература
  • "Different Dance Educational Methods" in How do public presentations affect Perceptions and Practices of music and dance?(2011), Izmir:ICTM& Ege University
  • „Methods of Dance Education “ in Descover dance (2012), Lisbon: HTML

Од учествата на симпозиуми, конгреси и конференции би ги споменале:

  • Симпозиум „Прилози за историјата на македонскиот театар“ Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2000
  • Конгрес "Dance today", Skopje: UNESCO, 2003
  • Конгрес „Чехов и ние“, Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2004
  • Симпозиум „80 години театарски и музички живот во Штип“, Центар за култура „Ацо Шопов“, Штип, 2004
  • Конференција "Intercultural theatre" , Faculty of Dramatic art, Skopje, 2005
  • Конференција "Theatre and Identity" , Faculty of Dramatic art: Skopje, 2006
  • Конференција "The Balkan peninsula as a Musical Crossroad",   SOKOM,Струга, 2008
  • Симпозиум How do public presentations affect Perceptions and Practices of music and dance? ICTM Study group on Music and Dance in Southeastern Europe, Izmir, Turkey, 2009
  • Струшка музичка есен ,  СОКОМ, 2010
  • 17-та конференција Културата и музиката, , ИРАМ; ФМУ; ИСППИ, пленарна сесија, 2011
  • Третиод симпозиум „Хрватско-македонски книжевни, јазични и културни врски“ Филозофскиот факутет во Ријека, Република Хрватска, 2011
  • Mеѓународен научен симпозиум „Македонскиот идентитет: литература, јазик, историја, култура“  ,  Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје по повод  неговиот 30-годишен јубилеј. 2011
  • Интернационалната конференција за танц која се одржува во Лисабон, Португалија организирана од FMH универзитетот, 2011
  • Трет меѓународен симпозиумот ICTM Study group on Music and Dance in Southeastern, Берово, 2012
  • Научна трибина на  Театарски фестивал „Војдан Чернодриниски“ под наслов „Театарот и новите форми “, 2012
  • Меѓународна конференцијата посветена на - „Изведувачките уметности, мобилноста, излевањето и прекуграничната соработка во Србија и Македонија“, организирана од Локомотива, Скопје и Пер Артс од Нови Сад, 2012
  • V Македонско- Руска научна конференција организирана од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  тема „Улогата на руската кореографија во конституирањето и развојот на македонскиот балет“, 2012
  • Струшка музичка есен ,  СОКОМ, 2012

Соња Здравкова-Џепароска е добитник на државната награда „Гоце Делчев“ во 2003 година за колективниот проект ЦД издание „Театарот на македонска почва“.

Member Type: