ГРКОВСКА Тања

Тања Грковска (Скопје, 1964) дипломира на ФМУ во Скопје, на одделот за музикологија во класата на проф.др. Тома Прошев. За време на студиите со свои написи редовно се учествува на средбите на музичките академии на ниво на поранешна Југославија (Сараево,Загреб) како и на „Струшка музичка есен“. Грковска била дел од научно-истражувачкиот тим на проектот „Движењата во музичката култура кај средношколската младина, односно генерациите родени во периодот 1970-1973 година во република Македонија- инциденција и преваленција на музичките жанрови“ под менторство на проф.Д-р Димитрије Бужаровски, Проф.Илина Тодорова и проф.Д-р Ѓорѓи Спасов (1988-89). Во 1988 година се запишува на постдипломски студии по музикологија на Факултетот за музичка уметност во Скопје, под менторство на проф. Д-р Димитрије Бужаровски. Уште за време на студиите е хонорарно ангажирана во емисиите од областа на класичната музика („Музика мундана“) со свои осврти, рецензии и прилози. Веднаш по дипломирањето кратко работи во редакцијата за забавна музика, а потоа во редакцијата за класична музика на Македонската телевизија. Од 1998 година е уредник на редкција за класична музика, а од 2003 до 2006 година е одговорен уредник на Културно-документарната програма на МТВ, а од јуни 2006 година е и Извршен уредник на Културната програма на МТВ. Во моментов работи како новинар во редакцијата за уметности при Културно-документарната програма на МТВ.

Во својата дведецениска кариера, Грковска реализирала многу емисии од разни типови од областа на класичната музика, директни преноси и хроники од разни фестивали и манифестации (Охридско лето, Денови на македонската музика, Мајски оперски вечери, Интерфест-Битола, концертите на Македонска филхармонија итн), емисии во кои се промовираат младите продуктивни и репродуктивни уметници, активно учествува во магазинските емисии од културата. Во периодот 1988-93 е уредник и водител на емисиите „Музички магазин“, „Ad libitum”(1996-98), а како уредник на редакција за класична музика е иницијатор и автор на бројни емисии под наслов „Музичка приказна“ која се уште е присутна на програмата на МТВ.

 

Од 1991 година Грковска редовно го пренесува Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија. За време на овој период голем број емисии под нејзино раководство учествувале и се наградени на меѓународни фестивали. (Гран при во Бар за документарниот филм „Мрежа во времето“ на Тања Битуљану во 2004 година), копродукции со ЗДФ и аплицирање на документарни проекти за кардс програмата итн.

Member Type: 
Date of Birth: 
1964