ГАВРИЛОВСКИ Гоце

Претставник е на помладата генерација македонски композитори. Целосното музичко образование го завршува во Скопје (МБУЦ - музичка теорија и педагогија, и пијано и на Факултетот за музичка уметност). Композиција дипломира во класата на проф. Гоце Коларовски, а магистрира Теорија на оркестрацијата во класата на проф. Тома Манчев со темата „Присутноста, улогата и употребата на музичките инструменти во Третата симофинија „Рустика“, опус 58 од македонскиот композитор Властимир Николовски“. Учествувал и на повеќе семинари по композиција на кои слушал предавања на еминентни предавачи како што се Шчетински, Радвилович, Курц, Готибер, Швон и други.

Творештвото на Гавриловски му припаѓа на повеќе различни видови и жанрови на класичната музика. Во однос на композициските техники, не се задржува во едни сфери, ами постојано трага во звучните сфери што придонесува да употребува композициско-технички постапки блиски до сонористиката, минимализамот сериелизамот, додекафонијата. Понеко­гаш комбинирани дури и во рамките на една иста композиција. И покрај тоа, во неговото творештво се присутни теми и одгласи од македонскиот музички фолклор. Неговиот дух, тогаш кога не користи народни теми, најчесто го доловува преку употребата на нерамноделните метро-ритмички структури.

Композициите на Гоце Гавриловски се изведувани на повеќето фестивали на класична музика во Македонија, како и во Бугарија, САД, Русија, Германија итн. Добитник е на повеќе стручни награди од кои најзначајни се неколкуте наградени композиции на 5-тиот натпревар на композитори „Хорска лабораторија на 20-от век“ одржан во Санкт Петербург, на кој во две категории - „Музика на народен текст“ и „Експериментално хорско дело со современи музички изразни текстури“ ги добива втората и третата награда за делата „Заблеало“ за женски хор и „Meditation mix combination - за мешан хор.

ТВОРЕШТВО

ОРКЕСТАРСКО

Симфониска суита, - за симфониски оркестар, (2002); Рој...., - за гудачки оркестар, (2003); Зуење, - за мандолински оркестар, (2004); Грев, - за симфониски оркестар, (2005); На штрек, - за симфониски оркестар, (2006); Passacaglia , Chaconne „Река“, - за гудачки оркестар, (2009); Модерен танц, - за гудачки оркестар и пијано, (2009); Фолклорен танец - Оро, - за гудачки оркестар, (2009-10); Прелудиум - Оркестарски сонатен став, - за симфониски оркестар, (2010); Модерен Танец, - за симфониски оркестар, (2010);

 

КАМЕРНО

Хоророт, - за две пијана; Мрак, - за две пијана; Соната-став, - за две пијана; Мала токата, - за две пијана; Соната-Прелудиум, - за две пијана; Концерт-прелуидум-етида, - за две пијана; Во круг, - за машки глас и пијано, (1997/98); Песна, - за вокал и виолончело, (1997/98); Вокална пиеса „Предвидувања“, - за сопран и пијано, (1998); Дует, - за виолина и пијано, (1998); Минијатура, - за мандолина и пијано, (1998); Ветар, - за 2 флејти и пијано, (2000); Игра, - за виолина и пијано, (2000); Неколку моменти пред почеток на концертот..., - за камерен ансамбл, (2002); Страв од..., - за висок женски глас, флејта, виолончело и пијано, (2002); Ветер, - за флејта, обоа, пијано и хармоника, (2003); Ветерот, - за флејта, обоа, хармоника и пијано, (2003); Птици - Чрчорки, - за камерен ансамбл, (2004); Сонорни ефекти, - за обоа и пијано, (2005); Вежба, - за две пијана, (2005); Sonata-movement, - за две пијана, (2005); Токатина, - за две пијана, (2005); Соната-Прелудиум, - за две пијана, (2005); Концертен Прелудиум - Етида, - за две пијана, (2005); Ужас, - за две пијана, (2005); Мрак, - за две пијана, (2005); Вежбање, - за две пијана, (2005); Сонорни ефекти, - за обоа и пијано, (2005); Круг, - за кларинет/бас кларинет и пијано, (2007); Those Funny Birds - Concert Piece, - за камерен ансамбл, (2007); Кругот, - за кларинет, бас кларинет и пијано, (2007); Модерен танец, - за камерен ансамбл, (2008); Сонатен став - Прелудиум, - за камерен ансамбл, (2008); Оро, - за камерен ансамбл, (2009); Река, - за гудачки квартет, (2009); Фолклорна плетенка, - за гудачки квартет, (2009); Оро, - за гудачки квартет, (2009); Токата-варијации, - за две пијана, (2009/10); Темен циклус, - за гудачки квартет, (2010); Река, - за обоа, виолина, виола и виолончело, (2010); Инструментален танц, - за обоа, виолина, виола и виолончело, (2010); Во кругот, - за сопран и пијано, (2010); Токата, - за флејта, пијано, бас, бонгос, (2010/11); A Latin Piece, - за флејта, пијано, контрабас и бонгос, (2011); Jazz-Toccata, - за флејта, пијано, контрабас и бонгос, (2011); Токатина, - за флејта и пијано, (2011); A Dis A B E B A - Медитација за сите несреќни деца, - за баритон/мецосопран и пијано, (2011); Разновидни ритмички решенија, - за 2 пијана и 13 удирачки инструменти, (2011); GoCE_ GA- Initials, - за гудачко трио: виолина, виола и виолончело, (2011); Токатина, - за флејта и пијано, (2012); Концертна пиеса „Дај Дуни“, - за бас/баритон и пијано, (2012); Концертна пиеса во 3 става, - за флејта и пијано, (2013); „Дај Ду (Дуј)“, - за сопран и пијано, (2013); „Дон Сербез“ - Perpetuum mobile - Прелудиум - Вокализа - Концертна пиеса , - за два сопрани/тенори и пијано, (2013); Концертна пиеса „Не Донке“, - за машки глас и пијано, (2013); Ангелска успивалка, - за 2 вокали, (2013); Циклус „Син триплет“, - за вокал и пијано, (2013); „Донко“ - Perpetuum mobile, Два фолклорни става, - за флејта и пијано, (2013); Концертна пиеса „Јовке“, - за дувачки инструмент и пијано, (2013); Folk- Duplex, - за пијано трио: сопран, труба (или некој друг) и пијано, (2013); „Балканска техно суита“ - 4 песни , - за пијано трио, (2013);

СОЛИСТИЧКО

Минијатура, - за труба; Минијатура, - за обоа; Минијатура , - за кларинет; Минијатура , - за мандолина; Минијатура, - за пијано; Циклус, - за соло флејта, (1997); Темниот џез, - за пијано, (1997); Мала токата, - за пијано, (1997/98); 3 бавни пиеси, - за пијано, (1997/98); Рондо, - за пијано, (1998); Larghetto, - за пијано, (1998); Соната-став, - за пијано, (1998/99); Додекафонска суита, - за соло виолина, (2000); Мала соната, - за пијано, (2000/2001); Студија, - за пијано, (2002); Модерна флејта, - за флејта, (2003); Циклус „Круг“, - за кларинет/ бас кларинет, (2003); Модерна флејта, - за соло флејта, (2003); Циклус „Круг“, - за соло кларинет и бас кларинет, (2003); Концертантна етида, - за фагот, (2003-04); Концертна етида, - за соло фагот, (2003-04); Концертантна пиеса, - за кавал (флејта), (2010); Концертна пиеса, - за соло кавал, (2010); Токата - C-F-G-C-F-C, - за пијано, (2010); Скриена полифонија, - за виолончело, (2011); Циклус, - за соло харфа, (2011); Скриена полифонија, - за соло виолончело, (2011); „Пијано циклус: Политехники - музиката на 20 век“ - Суита-партита „Осамен напевен воздив“, - за пијано, (2011)

 

ХОРСКО

Концертантна Вокализа „Мугри“ (албум со 9 сцени), - за мешан хор, (2006);

 

Марко Коловски

 

 

Date of Birth: 
1978