БУЖАРОВСКИ Димитрије

Образованието го започнува во Средното музичко училиште во Скопје, каде што битна улога во неговата определба за музиката одигрува професорот, тогаш директор – Стефан Гајдов. („... бидејќи (за) првиот мој официјален контакт со музиката, - примањето во музичкото училиште, преусдна улога одигра токму професорот Стефан Гајдов. ... По години од моето школување тој ги слушна моите копозиции и ме упати кај композиторот Томислав Зографски ...“ (Радио Скопје, 25.04.1977). Студиите по музика ги завршува во Скопје. Во 1972 година дипломира на одделот по пијано во класата на проф. Лепша Пиперковска, а во 1973 година на одделот по композиција во класата на проф. Томислав Зографски. Во 1976 година завршува постдипломски студии по композиција на Музичката академија во Белград во класата на проф. Енрико Јосиф. Во 1984 година докторираше на тема „Кон дијалектичко-критичката естетика на музиката“ на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. Георги Старделов. Во 1985-86 година престојуваше на Бостонскиот универзитет во Соединетите Американски Држави во рамките на истражувачкиот проект на Фулбрајтовата фондација од областа на историјата на естетиката на музиката. Од 1979 година работеше како уредник во Македонската телевизија (тогаш Телевизија Скопје), а од 1987 година до денес е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Од 1995 до 1999 година беше негов декан. Бил визитинг професор на неколку светски универзитети (Државниот универзитет во Аризона, Бостонскиот универзитет, Харвардскиот универзитет, Бостонскиот колоквиум за философија на науката), а од 2006 година е професор на Факултетот на уметност при Универзитетот во Ниш. Бил ментор на над 40 постдипломски и докторски трудови.

Во 2000 година Бужаровски го формира Институтот за истражување и архивирање музика – ИРАМ со кој е организатор на 18 меѓународни конференции (Современи трендови во музикологијата и етномузикологијата, Рефлексии за македонската музика, Културната политика и музичкото образование, Истражувања во музикологијата и етномузикологијата) на кои се презентирани над 250 научни трудови. Во 2012 година го основа Архивот Бужаровски - BuzAr, граѓанска и непрофитна иницијатива со задача да го чува во дигитален формат македонското, балканското и светското културно наследство.

Димитрије Бужаровски бил избран на повеќе општествени функции во поранешна СФРЈ, во Република Македонија и во странство: претседател на Сојузот на композиторите на СФРЈ, претседател на Универзитетскиот совет на УКИМ, претседател на Советот на фестивалот Охридско лето, член на правниот комитет на Европската асоцијација на фестивалите итн.

Неговото композиторско творештво содржи дела од крупен формат: симфонии, ораториуми, опери, балети, сонати, суити, вокални циклуси, камерна музика, музика за соло инструменти. Има напишано музика за над 60 филмови, телевизиски и театерски проекти. Тој е еден од првите македонски композитори кој на „широки врати” ги прифати и ги воведе современите технички дострели и помагала во творештвето. Освен тоа што се полистилистички (во основа - еклектични) повеќето од неговите дела се пишувани со користење на дигиталните технологии и претставуваат синтеза на класичниот и електронскиот звук. Иако творечки љубопитен, тој не беше поведен по модните трендови што ги диктираше европската авангарда главно до времето на неговите студии, ами остана доследен на „музичкото во музиката“. Дел од неговиот опус освен со „ ... исклучителното композиторско знаење манифестирано во нив, ... восхитува и со начинот на кој се помирени повеќе „антиподи“: модерното и традиционалното, куминикативноста и современоста, националното и универзалното...“. Главно во целото творештво „... тој останува доследен на своите стилски и композициски определби. ... Се потпира врз фолклорот и врз џез-елементи, нив ги гледа со познатите класичарски оптики веќе видени низ историјата на музиката и на задоволство на љубителите на музиката не се обидува да се затскрива зад некакви квазитехнички композициски акробации, ами се обидува музиката да биде музика и да допре најдирекно до оние што ја слушаат...“ (Коловски, 2009) 

Неговите композиции се изведувани и емитувани во САД, Русија, Франција, Велика Британија, Германија, Холандија, Шпанија, Грција, Бугарија, Србија, Полска. 

Бужаровски е активен и како пијанист, изведувач на синтесајзери и диригент. Има остварено рецитали со свои дела за пијано и синтесајзери низ Европа (Велика Британија, Русија, Холандија) и САД. Како диригент ги поставува своите дела - оперите „Шеќерната приказна“ и „Деспина и мистер Докс“, ораториумот „Радомировиот псалтир“, „Нонет концертот“ итн.

Музиколошката и научно-истражувачката дејност на Димитрије Бужаровски покрива голем број области: философија и естетика на музиката, социологија и менаџмент, дигитално процесирање и архивирање на звукот. Има издадено и едитирано голем број есеи, публицистички текстови, рецензии и книги, меѓу кои: Историја на естетиката на музиката, Увод во анализата на музичкото дело, Од природни до компјутерски звуци, Основи на дигиталното архивирање на звукот итн.

Димитрије Бужаровски е учесник во многубројни меѓународни проекти, бил координатор на ТЕМПУС-ови проекти, проект на швајцарската научна програма SCOPES, проект на Стејт - департментот на САД за усовршување на програмите по менаџмент во Република Македонија, координатор на програмата Студии во странство на Државниот универзитет во Аризона.

 

 

ТВОРЕШТВО

 

ОРКЕСТАРСКО

 

Fantasia quasi una Sinfonia, - за симфониски оркестар, (1973); Симфонија 2 „Раѓање на слободата“, - за симфониски оркестар, (1979); Експеримент 1а, - за синтисајзери и камерен оркестар, (1984); Пет прелудиуми, - за синтисајзери и камерен ансамбл, (1987); Musurgia ecclectica, - за симфониски оркестар и синтисајзер, (1989); „Tehno Symph“, - за гудачки оркестар, (1997); Концерт, - за пијано и симфониски оркестар, (1998); Concerto Grosso, - за виолина, виолончело, пијано, удиралки и гудачки оркестар, (1999); Concerto grosso op.48, - за виолина, виолончело, пијано, гудачи и удиралки, (2001-02); Ouverture op. 54, - за симфониски оркестар, (2007); Концерт op.58, - за труба и симфониски оркестар, (2010);  Двоен концерт, - за виолина, пијано и симфониски оркестар, (2012); Sonata Concertata oп. 58e, - за , (2014);

 

ВОКАЛНО-ИНСТРУМЕНТАЛНО

 

Четири комитски, - за мецосопран, баритон, хор и дувачки оркестар, (1978); Очи, - за сопран, баритон, раскажувач и дувачки оркестар, (1980); Балада, - за тенор, хор и камерен ансамбл, (1981); Комитски, - за глас и гудачки оркестар, (1983); Живееме-паметиме, - за сопран, баритон, рецитатор, хор и синтисајзери, (1985); Охрид, - за сопран, алт, тенор, бас, рецитатори, хор и оркестар, (1988); „Радомировиот Псалтир“, - за два сопрани, тенор, бас,, (1999); Вокална Симфонија IV op.53, - за 8 гласа и симфониски оркестар, (2005); „Тга за југ“, - за тенор, хор и оркестар, (2011);

 

КАМЕРНО

 

Гудачки квартет, - за гудачки квартет, (1971); Елегија, - за камерен ансамбл, (1975); Хумористични, - за глас и пијано, (1976); Песни за Гоце, - за баритон и пијано, (1977); 20 варијации на народна тема, - за соло кларинет, (1978); Корал, прелудиум и фуга, - за обоа, кларинет и фагот, (1980); Дувачки квинтет, - за дувачки квинтет, (1981); Народна суита, - за четири тромбони, (1982); Експеримент 1, - за синтисајзери соло и синтисајзери и камерен оркестар, (1984); Песни за Гоце, - за баритон и синтесајзери, (1984); Фолк квинтет, - за дувачки квинтет, (1985); Barokno koncertino, - за камерен гудачки оркестар и синтисајзер, (1988); Револуционерни, - за сопран, баритон и синтисајзери, (1988); „Суита“ (од музиката за драмите „Зојкин стан“ и „Марка“), - за виолина, виола и пијано, (1989); Секстет, - за дувачки квинтет и синтисајзер, (1990); Концерт, - за гудачи, харфа и синтисајзер, (1990); „Духовни песни“, - за сопран, баритон, детски хор и синтисајзер, (1992); „Songs of Peace nad War“, - за сопран, мецосопран, синтисајзер, (1994); „Песни за Гоце“, - за баритон, обоа, кларинет, народни инструменти, синтисајзер, удиралки, (1996); „Eko songs“, - за глас и синтисајзер, (1996); „Свадбени“, - за детски хор и синтисајзер, (1997); „Kreuzweg-Reflectionen 9“, - за флејта, виола, гитара, хармоника, (2001); Baroque concertino, - за пијано -трио, (2001); Nonet Concerto op. 51, - за камерен ансамбл, (2003); Четири Ноктурна „Вечеринки“ op. 52, - за две пијана, (2008); Фантазија op. 55, - за виолончело (виола) и пијано, (2009); Џез Соната op. 56, - за алт саксофон, пијано и контрабас, (2009); Соната „Мане“ op. 57, - за виолина и пијано, (2009); „Кабаре” (варијации на тема „Македонија може“ оп.62а), - за виолина, виолончело и пијано четворорачно, (2012); „Кабаре” (варијации на тема „Македонија може“ оп.62б), - за трио хармоники, (2012);

 

МУЗИЧКО-СЦЕНСКО

 

„Шеќерна приказна“ - музичка игра за деца, (1976); „Возови“ - балет, (1984); „Снежана“ - балет, (1986); „Деспина и Мистер Докс“ - комична опера, (1991); „„The Skeleton and the Beauty“ - балет, (1993);

 

СОЛИСТИЧКО

 

Соната бр. 1, - за пијано, (1973); Сонатина , - за пијано, (1973); Мотиви, - за виолончело, (1979); Соната бр. 2, - за пијано, (1983); Поп суита, - за синтисајзери, (1984); Тема con repetizioni, - за синтисајзери, (1984); Енеади 1, - за синтисајзери, (1987); Соната бр. 3, - за пијано, (1987); Енеади 2, - за синтисајзери, (1991); Енеади 3, - за синтисајзери, (1991); Варијации „All that Dance“, - за пијано, (1995); Варијации „Параходот“, - за виолончело, (1997); „SynthSon“, - за синтисајзер, (1997); Ноктурна, - за пијано, (2000); Ноктурна op. 49, - за пијано, (2004); „12 Вечеринки“ op. 52, - за пијано, (2004); Етида op. 59, - за виолина, (2010);

 

СОЛО ПЕСНИ

Љубовни, - за глас и пијано, (1979); Песна за војникот два метра в земја, - за глас и пијано, (1981); Скитник, - за глас и пијано, (1984); Три песни од Пол Верлен компонирани на импресионистички начин, - за баритон и пијано, (1989);

 

МУЗИКА ЗА ДРАМИ И ДРУГА ПРИМЕНЕТА МУЗИКА

 

Добра ноќ мајко, (1987); Зојкиниот стан, (1987); Марка, (1987); Шлем, (1987); Бајка за времето, (1988); Собирен центар, (1988); Великан, (1989); Викенд на мртовци, (1989); Татко, (1989); Забуни, (1990); Ништо без Трифолио, (1990); „Чудовиштата во нашиот град“, (1990); Поетски театар за добитникот на Златниот венец Хорхе Луис Падрон, (1990); Крчма на патот за Јевропа, (1991); Суита од музиката на драмите  „Зојкин стан“ и „Марка“, (1994); Суита од музиката за драмите  „Зојкин стан“ и „Марка“, (2001);

 

ПУБЛИЦИСТИКА

 

Местото и улогата на разните организации во акцијата против музичкиот шунд кај нас “Современост“, бр. 8, Скопје 1972,

Улогата на радиото и телевизијата во ширењето на музичкиот шунд кај нас“, „Современост“.бр. 6, Скопје, 1972,

Еден од чинителите за појавата на музичкиот шунд во Македонија, „Современост“ бр.5, Скопје, 1972,

За музиката денес,„Современост“ бр. 1-2, Скопје, 1972,

Како против музичкиот шунд?, „Современост“ бр. 9, Скопје, 1972,

Шундот во музиката“, „Современост бр. 4, Скопје, 1972,

За психофизиолошките детерминанти при перцепцијата на музиката, „Современост“ бр. 9-10, Скопје, 1979,

„Шербурските чадори“,(„Современост“, бр. 1-2, Скопје, 1979,

Generative Ideas in the Aesthetics of Music, "Interntional Review pd the Aesthetics and Sociology of Music, ol. 17, no. 2. 197?,

За естетските консеквенци на интеракцијата текст-музика, „Современост“ бр. 3-4, Скопје, 1980,

За и против слоевитоста на музичкиот феномен во естетиката на Николај Хартман, Трета програма на Радио Телевизија Скопје, 1980,

За музиката во политичките списи на Платон, Трета програма на Радио Телевизија Скопје, 1980,

Кон одредбите на поимот - граѓа на музиката, Трета програма на Радио Телевизија Скопје, 1980,

Музиката како интонација меѓу Кант и Асафјев, Трета програма на Радио Телевизија Скопје, 1980,

Пет прашања на тема музичката анимација, Трета програма Радио Телевизија Скопје, бр. 2-3, Скопје, 1980,

Кон односот на општите и посебно-научните испитувања на музичкиот феномен, Трета програма на Радио Телевизија Скопје, 1982,

Кон дијалектичко-критичката естетика на музиката, Собир на Третите програми на ЈРТ, Аранѓеловац, 1983,

Кон дијалектичко-критичката естетика на музиката, Скопје, 1984,

Гносеологијата на музиката како дијалектика на значењата, Трета програма на Радио Телевизија Скопје, 1984,

Мудусите на музичкото дело, Трета програма на Радио Телевизија Скопје, 1984,

Развојноста - основна категорија на музиката, Трета програма на Радио Телевизија Скопје, 1984,

Polyphony on the Balcan - Scethees for a comparative study between the western classic-music genre and macedonian musical folklore, Симпозиум, Тирана, 1989,

Историја на естетиката на музиката, Скопје, 1989,

Можностите за компјутерска обработка на податоците во музикологијата, Струшка Музичка Есен, 1989,

Националното и интернационалното во музичката култура, Трета програма на Македонската Радио-Телевизија, 1989,

„угословенскиот музичко-фолклорен простор на крајот од векот, Трета програма на Македонската Радио-Телевизија, 1989,

Вештачка интелигенција, „Комунист“, Скопје, 1990,

Музиката на Иван Рупник за филмот „Мис Стон“, Кинотека на Македонија, Скопје, 1991,

„Computers in musical education“, Научен симпозиум во рамките на натпреварот „Валентино Бучи“, Рим, 1991,

„Piano versus syntesizer“, Научен симпозиум во рамките на натпреварот „Валентино Бучи“, Рим, 1991,

Кон проблемот на оригиналноста на музичкото дело, Трета програма на Македонската Радио-Телевизија, 1991,

Кон спецификите на музиката за филм - музиката на Трајко Прокопиев во филмот „Фросина“ како повод за едно пошироко размислување за релацијата музика-филм од книгата „Фросина прв македонски игран филм“, Кинотека на Македонија, Скопје, 1991,

Автономијата или слободата на културата, Нова Македонија, ЛИК, 1991,

Увод во анализата на музичкото дело (Факултет за музичка уметност, Скопје, 1995,

Од природни до компјутерски звуци и тонови (избор и уредување од Димитрије Бужаровски), Факултет за музичка уметност, Скопје, 1995,

Reflections on Macedonian Music - Past and Future, I London Conference IRAM, Skopje 2001 (уредник),

Англиско-македонски глосар на технички термини од областа на обработката на звукот, ИРАМ, Скопје, 2001,

Contemporary trends in musicology and ethnomusicology, IRAM, Skopje, 2002 (уредник),

Основи на дигиталното архивирање на звукот, ИРАМ, Скопје, 2002,

Contemporary trends in musicology and ethnomusicology, II Struga Conference, IRAM 2003 (уредник),

Reflections on Macedonian Music - Past and Future, II London Conference IRAM, Skopje 2003 (уредник),

Contemporary trends in musicology and ethnomusicology, III Struga Conference, IRAM 2004 (уредник),

Cultural policy and music education I Skopje Conference, IRAM 2004 (уредник),

Reflections on Macedonian Music - Past and Future, III London Conference IRAM, Skopje 2004 (уредник),

Contemporary trends in musicology and ethnomusicology, X IRAM Conference, IRAM 2005 (уредник),

Cultural policy and music education II Skopje Conference, IRAM 2005 (уредник),

Reflections on Macedonian Music - Past and Future, IV London Conference IRAM, Skopje 2005 (уредник),

Cultural policy and music education« XI IRAM Conference, IRAM 2006 (уредник),

Cultural policy and music education« XIII IRAM Conference, IRAM 2006 (уредник),

Reflections on Macedonian Music - Past and Future, XII IRAM Conference IRAM, Skopje 2006 (уредник),

 

Марко Коловски

 

 

Date of Birth: 
1952