БЕЛЧОВСКИ Димче

Димче Белчовски (Берово, 1983) се школува на Interlochen Arts Academy и Eastman School of Music во Рочестер, Њујорк, а дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (класа проф. Ташко Тодоров) со cum laude. Бил студент во класите на John Marcellus, Mark Kellogg, Tom Riccobono и Phillip Jameson, а посетувал мастер класови и семинари кај Joe Alessi, Jim Markey, Ralph Sauer, Doug Leo, Charles Freeman, Charlie Vernon, Steve Witsel, Mark Lawrence и Mark Fisher. Белчовски е добитник на повеќе државни и меѓународни награди (САД, Бугарија). Како солист и член на неколку оркестри Белчовски концертирал под диригентската палка на Neil Veron, Mark Scatterday, Jung Ho Pak, Matthew Hazelwood, Byron Hanson, Michael Kaufman, Frederic Rennel, Gerard Schwarz и други. Во неговата биографија се впишани настапите како солист со Encore Society Band, Македонската филхармонија, Оркестарот на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Во моментов е вработен како тромбонист во Оркестарот на Македонската филхармонија.