БАЧЕВСКА Катерина

Катерина Бачевска е една од најнадежните македонски флејтисти. Родена во Охрид, студиите ги завршува студиите во класата на проф.Страшо Темков на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а продолжува да се унапредува под туторство на проф. Рафаеле Тревизани во Милано, Италија. Позната по чувството за музикалност комбинирано со импресивна техника и силен карактер, Бачевска е флејтист кој продолжува да ги шири искуствата како солист и уметник низ светот. Со нејзиниот извонреден перформанс на Sir James Galway Flute Festival во 2012 година, се здобива со Златен усник Nagahara 16К и самостоен рецитал, посветен на еден од најдобрите флејтисти во историјата, Сер Џејмс Галвеј, кој се одржа во Вегис, Швајцарија во 2013 година. Бачевска настапува заедно со реномирани флејтисти како Денис Бурјаков, Тревор Вај, Семјуел Колс, Никола Мацанти, Матијас Циглер и многу други. Како љубопитен и амбициозен флејтист, Бачевска има учествувано на голем број на семинари на Sir James Galway, Raffaele Trevisani, Emmanuel Pahud, Peter-Lukas Graf, Philippe Bernold и многу други. Избрана е за Лауреат на повеќе интернационални натпревари меѓу кои “Rising Star” во Вегис, Швајцарија (2012); Grand Prix на „Oхридски бисери”, Oхрид, Р. Македонија (2010); „Тахир Куленовиќ“ во Ваљево, Србија (2005); Златен медал на „Млади виртуози” во Стара Загора, Бугарија (2001); Државен натпревар во Скопје, Р. Македонија (2000).

 

Бачевска концертираше како Прва флејта во Светскиот Младински Оркестар ( WYSO) под диригентската палка на Jung-Ho Pak во соработка со познатиот Van Cliburn, во Интерлохен центарот за уметности во САД во 2006 каде се стекна со наградата за најталентиран и најуспешен студент.

 

Во 2000-2001 година остварува на турнеа низ Словенија и Италија со Европскиот Младински Оркестар (YMISO), сега познат како CEI, под водство на Igor Coretti. Бачевска била привремено член на секој активен оркестар во Македонија. Како солист има настапувано повеќе пати со Македонска Филхармонија, Музичка Младина на Македонија и има одржано голем број на рецитали во Македонија, Италија, Швајцарија, Бугарија и други места.