БАКРНЧЕВ Мајкл

Мајкл Бакрнчев (Бризбејн, 1989) е повеќепати наградуван композитор кој живее и делува во Мелбурн, Австралија. Дипломира со почести на Queensland Conservatorium при Griffith University (класа на проф. Џерард  Брофи). Неговите дела досега се изведени во Бризбејн, Аделејд, Мелбурн, Сиднеј, Канбера, Канада, Њујорк, Австрија, Шкотска, Србија, Белорусија, Украина и Германија и Македонија (вклучително две изведби од страна на Македонската филхармонија), а во план наскоро се изведби во Грција и Лондон.

Делата на Бакрнчев се снимени на повеќе носачи на звук во Австралија, САД, Канада и Европа, а биле дел од фестивалите „Денови на македонска музика“, ITEC World Tuba and Euphonium Convention во Австрија, 16-тата Светска конференција за саксофон во Шкотска, Кларинет и саксофон конференцијата во Сиднеј и фестивалот “Two Days & Two Nights” во Украина.  

Во 2013 година, Мајкл Бакрнчев има чест да добие нарачка за The Song Company од Сиднеј, како и за Arts Centre од Мелбурн за 5х5х5 композиторски проект – а компонираните дела беа изведени од страна на ABC Classic FM и Австралиската национална академија за музика (ANAM), со изведба во Melbourne Recital Centre. Истата година, Бакрнчев беше еден од финалистите на престижниот онкурс Melbourne Prize for Music. Секстетот перкусии „Ајде“ ја доживеа својата меѓународна премиера на фестивалот „Денови на македонска музика“ во Скопје, од страна на Freiburg Percussion Ensemble.

Неодамна, делото 201 Dreams & Their Interpretations беше снимено од страна на Melbourne Symphony Orchestra, под диригентската палка на Benjamin Northey. Оваа година, тој имаше настап диригирајќи едно свое дело во изведба на The Zelman Memorial Symphony Orchestra.

Во моментов, Бакрнчев е студент на магистерски студии, а истовремено и демонстратор по предметот оркестрација на Melbourn University, како и добитник на посебното признание Australian Postgraduate Award за студии со реномираните композитори Елиот Гајџер и Брентон Броадсток.

Неговите сегашни проекти вклучуваат композиции за The Forest Collective од Мелбурн, Northern Spirit Choir од Германија, UTAS Trio од Тасманија, композиција за италијанскиот пијанист Роберто Проседа, The Australian Voice од Бризбејн, како и за неговиот ансамбл Melbourne Metropolitan Sinfonietta/

Идните планови на Бакрнчев се фокусирани на истражување, на експериментални мулти-културни музички соработки, како и едукација во Австралија и надвор од нејзините граници.

 

Date of Birth: 
1989