Композитори

СИМОНОСКИ Гоце

Гоце Симоновски е роден во 1984 година во Тетово. Првиот допир со музиката започнува во 1996 година, посетувајќи приватни часови по гитара. Во периодот од 1999-2003 година е дел од наставата на Музичко - балетскиот училишен центар: Илија Николовски - Луј. Во меѓувреме посетува приватни часови по композиција кај композиторот Гоце Коларовски. Во 2003 година се запишува на студии на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје, на одделот по композиција, во класата на проф. м-р Гоце Коларовски.

Macedonian

СПАСОВ Мирослав

 

 

 

 

 

 

 

 

Macedonian

ЈАНЕВСКА Маријана

Маријана Јаневска (Скопје, 1990) дипломира виолина на Факултетот за музичка уметност во Скопје (класа проф. Михајло Куфојанакис). Паралелно со студиите по виолина, во 2012 година се запишува на одделот за композиција, каде во моментов е студент на трета година во класата на доц. м-р Дарија Андовска. Посетувала семинари и предавања кај професорите Најџел Кларк и Ино Миркович. Во 2012 и 2013 година била дел од филмската работилница на ФМУ со предавачи од Холандија, а минатата година партиципирала во работилницата на Филип Манури и Питер Аблинџер во Сарајево, БиХ.

Macedonian

КРСТЕВСКИ Никола

Никола Крстевски (Неготино, 1993) е студент на трета година на одделот за композиција (класа доц. м-р Дарија Андовска). Во 2012 година учествува во работилницата за sound design и музика за филм во Скопје, а во 2013 година е дел и од првата официјална соработка помеѓу Факултетот за музичка уметност и Факултетот за драмска уметност, каде исто така, работел на музика за филм. Напишал солистички, хорски и камерни дела и е редовен учесник на фестивалот „Денови на македонска музика“.

Macedonian