Повик за пријавување дела за мешан хор a capella

Во рамки на средбата на ECSA на 30 септември во Лондон, ќе се одржи следниот концерт на ECCO оркестарот, овојпат претставен со реномираните BBC Singers.

За таа цел ECSA веќе го објави повикот за пријавување на дела за мешан  хор a capella (5-4-4-5). Повеќе детаљи околу пропозициите може да најдете во дописот во прилог (на англиски јазик).

СОКОМ како член на ECSA има право да пријави до 3 дела. 

Комисија назначена од Претседателството на СОКОМ од пристигнатите дела ќе го направи конечниот избор со кој СОКОМ потоа ќе конкурира при ECSA.

Рок за пријавување на дела во СОКОМ: 10 мај 2015 година.

Со пријавата до СОКОМ, авторите задолжително да поднесат кратка биографија (на англиски јазик), програмски белешки за пријавеното дело (на англиски јазик) и комплетен материјал за изведба во pdf формат.

ECCO - Call for works 2015

 

Macedonian