Интерен повик за пријавување комозиции за Концерт на ECCO во Брисел

Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ објавува Интерен повик за пријавување композиции за Концерт на ECCO кој ќе се реализира во рамките на Генералното собрание во февруари 2016 година во Брисел. Концертот ќе се реализира во соработка со ансамблот Sturm und Klang под диригентсво на Thomas Van Haeperen.

 

Условите за учество се следни:

 

- Композициите треба да бидат напишани за мешан ансамбл од 7 до 13 инструменти, составен од следните инструменти: флејта (алт флејта, пиколо), обоа (англиски рог), кларинет (бас кларинет), фагот, хорна, труба, 2 виолини, виола, виолончело, контрабас, перкусии (1 изведувач), пијано; 

 

- Композициите ќе бидат изведени со диригент;

 

- Времетраењето на композициите не треба да надминува 10 минути;

 

- Композициите треба да се создадени во последните дваесет години и да се претходно изведени;

 

Пријавата треба да содржи:

 

- Партитура од композицијата во PDF формат;

 

- Снимка од композицијата во MP3 формат; 

 

Авторите можат да пријават само една композиција. Пријавите треба да се испратат на sokom@sokom.mk најдоцна до 20 август 2015 година. Врз основа на поднесените пријави, претседателството на СОКОМ ќе формира комисија за избор на 3 композиции кои ќе бидат проследени до ECSA за понатамошен избор од меѓународна жири комисија.

 

Претставникот на СОКОМ во ECSA нема право да учествува на овој интерен конкурс.

 

Други услови:

 

Авторите кои ќе поднесат пријави треба да се согласат со следните услови доколку нивните композиции бидат избрани:

 

- Да обезбедат штимови за изведба на композицијата;

 

- Да бидат присутни на концертот во Брисел на сопствен трошок (превоз и сместување);

 

- Да обезбедат дополнителни 200 евра доколку биде побарано од организаторот, во случај на дополнителни организациски трошоци; (овој услов е наведен како гаранција за реализација на концертот, но во досегашната пракса не биле потребни).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Macedonian