Интерен повик за едицијата „Македонска музика“

 

Во рамките на едицијата „Македонска музика“ СОКОМ ќе реализира издавање на збирка ноти со композиции за соло пијано која ќе се издаде до крајот на годината. Ги повикуваме сите заинтересирани членови да пријават дела за соло пијано кои досега не биле вклучени во досегашните збирки, за истите да бидат земени предвид за избор од уредникот на изданието.

 

Пријавата треба да ги содржи сите технички податоци за делото (автор, година, траење и др.), партитура во пдф формат, a, доколку поседувате, и снимка од изведба во mp3 формат. 

 

Ве молиме пријавите доставете ги на sokom@sokom.mk најдоцна до 20 јули. Пријавите пристигнати по овој датум нема да бидат земени предвид за ова издание.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Macedonian