Новости

Презентација и промоција на творештвото на македонските композитори во Р Чешка

проф. д-р В. Велковска-Трајановска и проф. д-р Г. Коуфалова

Претседателката на СОКОМ, проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска и потпретседателката на СОКОМ, проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленковска одржаа работилница со аудио-визуелно преставување на повеќето генерации македонски композитори и нивните врвни уметнички остварувања на престижниот универзитет во Р Чешка – The Palacky University.

проф. д-р С. Лешкова-Зеленковска, проф. д-р В. Жоухар, проф. д-р В. Велковска-Трајановска и проф. д-р Г. Коуфалова

Освен промоцијата и афирмацијата на врвното современо уметничко творештво од Р Македонија на една од најреномираните институции од областа на современата музика во Р Чешка се оствари и соработка која понатаму ќе овозможи доставување и на партитури од делата кои би можеле да се изведуваат во оваа земја. Членовите на Претседателството на СОКОМ одржаа средби со композиторите, меѓу кои и членовите на Одборот на директори на Бохуслав Мартину фондацијата. Во перидот на посетата Велковска-Трајановска и Лешкова-Зеленковска проследија и концерт во рамките на фестивалот Opera Schrattenbach 2022.

Ансамбл МОЕНС
СОКОМ