Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ ги известува своите членови дека врз основа на член 16 од Статутот на СОКОМ се отпочнува постапка за избор на Претседател на СОКОМ. Претседателот го избира Собранието со мандат од 2 години и право на повторен избор. За Претседател на СОКОМ може да биде избран редовен член на СОКОМ.
Кандидатите за Претседател на Претседателството треба да поднесат предлог Програма за работата и развојот на СОКОМ.
Кандидатурите се доставуваат во пишана форма во СОКОМ или по електронски пат на sokom@sokom.mk. Рокот е 15.12.2024.
Услови и постапка за избор на Претседател утврдени во член 16 од Статутот на СОКОМ
Претседателот го избира Собранието за време од две години со право на повторен избор. За Претседател на Претседателството може да биде избран редовен член на СОКОМ. Кандидатите за Претседател на Претседателството треба да поднесат предлог Програма за работа и развој на СОКОМ.
Предлог-програмите на кандидатите се доставуваат до сите членови на СОКОМ најдоцна 15 дена пред денот на одржување на Изборното собрание. Доколку повеќе кандидати добијат ист број на гласови, во вториот круг се гласаат двата кандидати кои добиле најмногу гласови. Доколку и во вториот круг кандидатите добијат ист број на гласови целата постапка се повторува. Постојниот Претседател и Претседателството продолжуваат да ја извршуваат функцијата се до конечниот избор на нов Претседател.
Кандидатурите се доставуваат во просториите на СОКОМ во пишана форма или по електронски пат на е-маил: sokom@sokom.mk, најдоцна до 15 декември 2024 година.
Со почит,
Претседател на СОКОМ
Валентина Велковска Трајановска