Членови, Композитори

ТОДОР СКАЛОВСКИ

(Тетово, 21.01.1909 – Скопје, 01.07.2004)
композитор

Многу рано доаѓа во допир со музиката („… на седумгодишна возраст, на таванот на нашата куќа, најдов стара прашлива мандолина на која ѝ недостасуваа жици – и почнав да свирам … Типично детски тогаш „се заколнав“ дека ќе станам музичар …“). Веќе на тринаесет години ги развеселува соседите во Тетово свирејќи серенади, но пресвртниот момент настанува кога познатиот ликовен уметник Лазар Личеноски препознава во неговиот талент многу повеќе и кога по негова препорака во 1930 година заминува да учи музика во музичкото училиште „Мокрањац“ во Белград. Негови учители таму се познатите педагози Коста Манојловиќ, Милое Милоевиќ, Миховил Логар, Јосип Славенски и други. Иако во тоа време одлично напредува како виолинист, сепак, чувствува дека за него попривлечни се диригирањето (хорско) и компонирањето. Со Стефан Гајдов, Живко Фирфов, Аспарух Хаџи Николов, Коста Манојловиќ формираат хор од Македонци кои учат музика.

Врз формирањето на неговиот светоглед, естетски и револуционерен, определено влијание извршило дружењето со Воислав Вучковиќ. Во ова време почнуваат да го интересираат и други теми врзани за македонската народна традиција и тој се јавува со неколку предавања на оваа тема (едно од нив е „За белезите на фолклорот на нашиот југ“ во чиј наслов со еуфемизми се обидувал да ја заобиколи намерата на тогашната великосрпска пропаганда). Во ова време датираат и неговите први композиторски обиди („Румени булки“ – 1934. Скаловски подоцна сведочи: „Мојот професор д-р Милоевиќ се сомневаше дека сум под нечие влијание, бидејќи композицијата ја напишав целосно сам, без негова интервенција.“). Во ова време започнува неговата интензивна и повеќедецениска диригентска активност. Диригирање учи кај прочуениот Ловро Матачиќ, а по војната, во 1951 година завршуватрадиција и тој се јавува со неколку предавања на оваа тема (едно од нив е „За белезите на фолклорот на нашиот југ“ во чиј наслов со еуфемизми се обидувал да ја заобиколи намерата на тогашната великосрпска пропаганда).

Во ова време датираат и неговите први композиторски обиди („Румени булки“ – 1934. Скаловски подоцна сведочи: „Мојот професор д-р Милоевиќ се сомневаше дека сум под нечие влијание, бидејќи композицијата ја напишав целосно сам, без негова интервенција.“). Во ова време започнува неговата интензивна и повеќедецениска диригентска активност. Диригирање учи кај прочуениот Ловро Матачиќ, а по војната, во 1951 година завршува Летна академија за диригирање во Салзбург, кај Филхелм Фуртвенглер и Херман Шмајдл. По завршувањето на школувањето, во втората половина од триесеттите години работи со повеќе хорски ансамбли, а најдолго останува во Гимназијата во Сремска Митровица. Овие среќни години во кои раководи два хора (гимназискиот и црковниот) ги прекинува Втората светска војна, кога е вратен во Македонија, каде што подоцна му се приклучува на револуционерното движење.

По војната, Тодор Скаловски, заедно со уште неколкумина свои соборци и колеги станува еден од главните мотори на целосната, но главно музичка и уметничка обнова на земјата. Еден е од иницијаторите и основачите на Македонската филхармонија (тогаш Симфониски оркестар) на 24 ноември 1944, а подоцна учествува во формирањето на речиси сите институции од областа на музиката. Со некои од нив (Македонската филхармонија …) тој раководи, а истовремено развива и плодна изведувачка и композиторска дејност. Како диригент е присутен на повеќе европски сцени, и со Македонската филхармонија, но и со други матични оркестри.

Творечкиот опус на Скаловски е релативно обемен (над 100 композиции) и разновиден (припаѓа на повеќе жанрови). Основното творечко кредо најдобро го опишува тој самиот: „… Моја среќа е што навреме се ослободив, всушност не потпаднав под влијание на снобовските предрасуди и некакви догми кога се формираше моето естетско кредо. Почнав да пишувам самоуко, онака како што мислев дека е најдобро, потпирајќи се пред сè на македонската мелодија или на повеќегласното пеење…“ Најинтензивниот период на создавање е меѓу 1938-та и 1973-та година кога настануваат неговите најпознати дела, што имаше можност да ги чуе публиката во светот: „Македонска хумореска“, „Македонско оро“, „Шарпланинска приспивна“, „Балтепе“, „Величанија Кирилу и Методију“. Посебен впечаток од сите нив остава „Македонско оро“ како „мала музичка драма“, музички исказ и израз на психологијата на македонското национално битие. Како што истакнува Ортаков (1981), „во оваа возбудлива хорска композиција на интуитивен начин авторот постигнал единство на сите елементи…“. Композицијата „Балтепе“, исто така, доживеа светска слава звучејќи на сцените од Лос Анџелес и Њујорк до Виена и Москва. Повеќе пати и под диригентство на Ловро Матачиќ. Освен кон фолклорот, Тодор Скаловски покажал интерес и кон македонската духовна традиција. Византиското и македонското црковно- словенско пеење било една од трајните негови инспирации, а една од творбите во кои таа нашла највпечатлив одраз е „Величанија Кирилу и Методију“ (1971). Во неа, врз приспособен традиционален црковно-словенски текст, се користени мелодии блиски до духовно-фолклорната традиција или на темелите на византиската Кукузелова школа (Манчев, 2004).

ТВОРЕШТВО
ВОКАЛНО-ИНСТРУМЕНТАЛНО: Moja песна и оро македонско, – за мешан хор и симфониски оркестар,; Величанија Кирилу и Методију, – за мецо-сопран и камерен оркестар, (1963); Ој, Лилјано моме, – за соло глас, хор и симфониски оркестар,; Приспивна, – детска песна за глас, хор и оркестар, (1964); Суита бр. 1 „Балтепе“, – за соло глас, хор, дувачки нонет и удиралки, (1960-1974); 11 Октомври, – за мешан хор и симфониски оркестар, (1946); Земја камен, – за рецитатор, соло бас-баритон, хор и симфониски оркестар, (1979);

ОРКЕСТАРСКО: Песна „Залез“, – за симфониски оркестар, (1967); Пепелашка, – за симфониски оркестар, (1953);

КАМЕРНО: Мала суита, – за флејта и пијано; Суита „Македонка“, – за гудачки квартет,; Скерцо, – за виолина и пијано, (1932); Анданте, – за флејта виолина и виола, (1936); Мала романса, – за виолина и пијано, (1936); Трогласна фуга, – за флејта, виолина и виола, (1936); Прелудиум и Скерцо, – за кларинет и пијано, (1958);

СОЛИСТИЧКО: Серенада, – за виолина, (1926); Прелудиум, Жига, Инвенциja и Фуга, – за пијано, (1956); Македонски триптих, – за пијано, (1967); Десет транскрипции на македонски народни песни, – за пијано/
виолина и пијано;

СОЛО ПЕСНИ: Ја растурај, – за глас и пијано, (1935); Долга ноќ, – за глас и пијано; Ој, девојче, девојче, – за глас и пијано; Оздола иде, стара ле мајко, – за глас и пијано, (1935); Ковач, – за глас и пијано, (1936); Темна магла за глас и пијано, (1936); Учи ме мајко, карај ме, – за глас и пијано,(1936); Шарпланинска приспивна, – за глас и пијано, (1956); Залез за глас и пијано, (1967); Молитва, – за глас и пијано, (1967); Драго ми е партизан да станам, – за глас и пијано, (1977);

ХОРСКО: Рапсодиja број 4 – Тетовска, – за женски хор; Рапсодија број 5 –
Полошко, – за мешан хор; Свети Кирилу и Методију, – за мешан хор;
Суита „Сватовка“, – за машки хор,; Текла вода бистрица, – за мешан хор, ( 1936); Текла вода бистрица, – за женски хор, (1986); Румени
булки, – за женски хор, (1934); Македонска хумореска, – за мешан
хор, (1939); Повардарка, – за мешан хор, (1939); Рудари, – за мешан
хор, (1939); Суита „Повардарка“, – за мешан хор, (1939); Учи, кара за женски хор, (1939); Овчеполка, – за мешан хор, (1940); Помјанух пророка, – за женски хор, (1940); Песна за Гоце, – за мешан хор, (1941); Добро утро лично моме, – за мешан хор, (1942); Илинденска балада, – за мешан хор, (1942); Песната за Ѓорѓи Сугаре, – за мешан хор, (1942); Песни за Ѓорѓи Cyгape, – за мешан хор, (1942); Приидите поклонимсја, – за мешан хор, (1942); Тумбе кафе, – за мешан хор, (1942); Туљо, – за мешан хор, (1942); Македонско оро, – за мешан хор, (1943); Денес над Македонија ce paѓa, – за мешан хор, (1944); Партизанска китка, – за мешан хор, (1944); Рапсодија број 1, – за мешан хор, (1944); Суита од десет песни од НО Б „Младински пој“, – за еднороден хор, (1944); Лебеди бели, – за мешан хор, (1945); На брегот, – за мешан хор, (1945); Огинот, – за мешан хор, (1945); Невесто, око калешо, – за женски хор, (1946); Лик земја да смени, – за мешан хор, (1946-1949); Рапсодија број 2, – за мешан хор, (1946-1949); Пионерско катче, – за детски хор, (1947); Раскласајте булки, – за мешан хор, (1947-1952); Две сатирични, – за мешан хор, (1949); Китка број 2, – за мешан хор, (1953); Китка детски песни, – за детски хор, (1953); Песни „Летна вечер“, – за еднороден хор и пијано, (1954); Партизанка, – за женски хор, (1955); Хумореска број 2 „Битолка“, – за женски хор, (1955); Хумореска „Дошол попот“, – за машки хор, (1955-1963); Зора зори, – за мешан хор, (1959); Суита „Косовски божур“, – за женски хор, (1960-67); Убава си земјо наша, – за мешан хор, (1960-67); Дејгиди горо зелена, – за мешан хор, (1967-70); Летна вечер, – за женски хор и пијано, (1967-70); На Мечкин камен, – за мешан хор, (1968); Величанија Кирилу и Методију, – за мешан хор, (1971); Кирилу Пејчиновиќу, – за мешан хор, (1971-83); Рапсодија број 3, – за мешан хор, (1971-83); Хумореска број 3 „Сетолка“, – за женски хор, (1971-83); Македонски диптих, – за женски хор, (1974); Балада „Тодорка млада робинка“, – за мешан хор, (1981); Свадбена, – за мешан хор, (1981); Величанија Кирилу и Методију, – за женски хор, (1983); Помјанух пророка, – за машки хор, (1983); Рапсодија број 3, – за женски хор, (1983); Три барјаци, – за женски хор, (1984); Горо ле, горо, – за женски хор, (1987);

ХОРСКИ ОБРАБОТКИ: Во борба, – за мешан хор, (1944); А што ми е мило ем драго, – за женски хор, (1944); Мој народе напред, – за младински хор, (1944); Марш на антифашистичката младина на Македонија, – за хор, (1944); Марш на антифашистичката младина на Југославија, – за хор, (1944); Марш на пионерите, – за хор, (1944); Младински марш, – за хор, (1944); Во борба време мина, – за хор, (1944-1945); Во бој, – за хор, (1944-1945); Титово знаме ко пламен се вее, – за хор, (1944-1945); Тргна Тито од град Белград, – за хор, (1944-1945); Партизанска суита, – за мешан хор, (1945); Караорман, – за мешан хор, (1945); На избори, – за хор, (1945); Три илинденски песни, – за женски хор, (1945); Предизборна, – за хор, (1946); Еј младино напред, – за хор, (1947); Цвета калеша, – за мешан хор, (1947)

МАСОВНИ ПЕСНИ: Младинка, – за мешан хор, (1948); На јуриш на Маврово, – за мешан хор, (1948); О, земјо, – за мешан хор, (1948); Одиме в`трудов бој, – за мешан хор, (1948); Првомајска, – за мешан хор, (1948);

ПЕСНИ ЗА ДЕЦА И ХОРОВИ: „Елко, елко порасни“ „Детски пој“ „Мачорот Станко“ „Ах ти мило детенце“ „Збогум школо“ „Зима“ „Коп, коп“ „Малечки сме пионери“ „Марш на пионерите“ „Моето маче“ „Мојот роден кат“ „Новогодишна елка“ „Оловниот командант“ „Песната на дедо мраз“ „Песната на мачето“ „Пионерско катче“ „Пчеличка сум мала“ „Република“ „Сонот на пионерчето“ „Фолклорни импресии“ „Школско ѕвонче“

МУЗИКА ЗА ДРАМИ: „Бегалка“ од Васил Иљоски, (1947); „Коштана“ од Бора Станковиќ, (1949); „Печалбари“ од Антон Панов, (1949)
ПУБЛИЦИСТИКА: ••Концертна вечер на македонска камерна музика, Нова Македонија, бр. 3777, 5/12/56 ••Гостување на средномузичка школа „Исидора Бајиќ“ од Нови Сад, Нова Македонија, бр. 3928, 9/5/57
24 ••Разговор за музиката без присуство на…, Нова Македонија, бр. 3971, 21/6/57 ••Наградени најдобрите аматерски организации, Нова Македонија, бр. 4489, 9/1/59 ••Гостување во солун, Нова Македонија, бр. 4541, 10/3/59 ••Реферат за македонски народни песни во ноб, Нова Македонија, бр. 4680, 22/8/59 ••Две гостувања во скопје, Нова Македонија, бр. 4746, 7/11/59 ••Низа свечени приредби, Нова Македонија, бр. 4841, 29/2/60 ••Успешен настап на КУД „Владо Тасевски“, Нова Македонија, бр. 4939, 23/6/60 ••Концерт на КУД „Коцо Рацин“ во салата на Народниот театар, Нова Македонија, бр. 4940, 24/6/60 ••Настапија КУД „Цветан Димов“ и „Орце Николов“, Нова Македонија, бр. 4941, 25/6/60 ••Првата награда ја освои КУД „Орце Николов“, Нова Македонија, бр. 4949, 4/7/60 ••Двегодишна стагнација на КУД „Ванчо Прке“, Нова Македонија, бр. 4963, 21/7/60 ••Првиот концерт на Трстјанската филхармонија, Нова Македонија, бр. 434, 2/6/46 ••Првиот концерт на Трстјанската филхармонија, Нова Македонија, бр. 434, 2/6/46 ••По повод годишниот акт на Државната музичка школа во Скопје, Нова Македонија, бр. 458, 30/6/46 ••Белградскиот „Абрашевиќ“ во Македонија, Нова Македонија, бр.
512, 1/9/46 ••Од фестивалот во Салзбург, Нова Македонија, бр. 1795, 13/10/50 ••Операта „Гоце“ симната од репертоар?, Нова Македонија, бр. 3210, 17/3/5 ••15 години музичка дејност вo НРМ, Нова Македонија, бр. 4852, 13/3/60 ••Поголема турнеја на македонската филхармонија, Нова Македонија, бр. 6235, 23/2/64 ••Денес македонските музичари формираат свое друштво, Нова Македонија, бр. 631, 19/1/47 ••„Македонски музички фолклорни песни“, Нова Македонија, бр. 5673,
5/8/62.

Марко Коловски, музиколог (книга „47 македонски композитори“, 2013)

СОКОМ